Enhypen (корејски: 엔하이픈; јапонски: エンハイプン; стилизирана со сите големи) — јужнокорејска машка група основана од Билифт лаб. Групата била формирана преку реалното шоу за преживување во 2020 година Ај-Ленд. Групата се состои од седум члена: Хисунг, Џеј, Џејк, Сонгхун, Сону, Џангвон и Ни-ки. Тие дебитирале на 30 ноември 2020 година, со миниалбумот Бордер: Деј уан (Border: Day One).

Име Името Енхајпен било претставено за време на преносот во живо на последната епизода на Ај-Ленд. Етимолошки, групата го добила своето име од симболот цртичката (-), што претставува „поврзување, откривање и раст“. Слично на тоа како цртичката поврзува различни зборови за да создаде нови значења, Енхајпен има за цел „да се здружи за да се поврзе, открие и расте заедно за да формира нов чин“.

Кариера

Активности и формирање пред деби преку Ај-Ленд Во март 2019 година, Билифт лаб бил ко-основан од јужнокорејските забавни агенции Си-Џеј Е&М и Хајб корпорејшн, со планови за создавање на нов бенд во 2020 година. Аудициите започнале истиот месец во Сеул, САД, Тајван и Јапонија, меѓу другите локации, барајќи машки приправници родени помеѓу 1997 и 2008 година. На 8 мај 2020 година, телевизискиот канал Емнет ја објавил реалната серијата за преживување, Ај-Ленд како дел од заедничкото вложување помеѓу двете забавни компании што „го следи процесот на создавање на следната генерација на К-поп уметници“. Енхајпен бил формиран преку шоуто, во кое учествувале 23 момчиња, од кои некои првично биле на аудиција за Билифт, додека други биле префрлени од Биг хит мјузик. Емисијата се емитувала еднаш неделно на Емнет од 26 јуни до 18 септември 2020 година и на меѓународно ниво на ЈуТјуб каналот на Хајб лејблс. Серијата била поделена на два дела, а првите дванаесет натпреварувачи од првиот дел напредувале во вториот. Во последната епизода од шоуто, седум членови биле избрани од деветте финални натпреварувачи, со шест избрани по глобално рангирање и еден по избор на продуцентите. Конечниот состав на Хисунг, Џеј, Џејк, Сонгхун, Сону, Џангвон и Ни-ки бил објавен на телевизискиот пренос во живо на финалето.

2020–2021: деби со Бордер: Деј уан, втор мини албум, прв јапонски сингл и Дајменшн: Дилема На 22 октомври 2020 година, трејлер со наслов „Чуз-чоузен“ бил објавен на ЈуТјуб каналот на Енхајпен, најавувајќи го дебито на групата во ноември 2020 година. Вториот трејлер насловен „Даск-дон“ (Dusk-Dawn) бил објавен три дена подоцна, проследен со пар концептуални табли за расположение на 27 октомври. На 28 октомври, Билифт објавил дека Енхајпен ја објавил нивната дебитантска мини албум (EП) Бордер: Деј уан (Border: Day One) на 30 ноември. Пред нивното деби, групата собрала над еден милион следбеници на платформите на социјалните медиуми, ТикТок, Твитер, ЈуТјуб, Инстаграм и Ви лајв. На 4 ноември, било објавено дека Бордер: Деј уан (Border: Day One) има собрано над 150.000 нарачки однапред во рок од два дена, надминувајќи 300.000 примероци до 21 ноември. ЕП и водечкиот сингл „Гивен-тејкен“ (Given-Taken) биле објавени на 30 ноември, придружени со презентација во живо. На 4 декември, Енхајпен официјално го направил своето деби во живо на Мјузик бенк на Кеј-Би-Ес, изведувајќи ја „Гивен-тејкен“. Бордер: Деј уан се нашол на 39-то место на годишната табела за албуми за јапонскиот Орикон 2020 и на второто место на јужнокорејската табела за албуми Гаон, со продадени 318.528 копии за еден ден дома и станал најпродаваниот албум на К-поп група која дебитирала во 2020 година. Во рок од две недели од нивното деби, бендот ја освоил наградата „Следен лидер“ на музичките награди Факт во 2020 година.

Во февруари 2021 година, Бордер: Деј уан добил платина сертификација од Кореја мјузик контент асосиејшн (KMCA), прва сертификација на групата во земјата. На 25 март 2021 година, Билифт објавил дека Енхајпен ќе има нов албум на крајот на април. Трејлерот насловен „Интро: Д инвитејшн“ (Intro: The Invitation) бил објавен на 5 април, најавувајќи ја нивната втора мини албум, Бордер: Карнивал. ЕП била издадена заедно со главниот сингл „Дранк-дејзд“ (Drunk-Dazed). На 8 април било објавено дека преднарачките на ЕП надминале 370.000 примероци за три дена. Еден ден пред објавувањето, пред-нарачките надминале 450.000 примероци. На 4 мај, Енхајпен ја добил својата прва победа на музичкото шоу на СБС Ем-Ти-Ви, Д шоу со „Дранк-дејзд“ (Drunk-Dazed), проследено со победи на Шоу чемпион и Мјузик бенк. Бордер: Карнивал дебитирал на првото место на табелата за албуми на Орикон, првиот пат кога групата се нашла на врвот на табелата во Јапонија, со над 83.000 продадени копии. На 25 мај, Бордер: Карнивал дебитирал на 18-то место на табелата Билборд 200 во САД. Дебитирал и на броевите девет, четири, четири и шест на Билборд табелите за светски албуми, најдобри продажби на албуми, најдобри тековни продажби на албуми, и тејстмејкер албуми, соодветно. Дополнително, Енхајпен го направил своето прво појавување, на 18-то место на табелата на Билборд уметници 100; „Дранк-дејзд“ влегол на третото место на Билборд табелата за светска продажба на дигитални песни. На 6 јули, Енхајпен го направил своето јапонско деби со синглот Бордер: Хаканаи. Нејзината листа на песни ги вклучувала „Форгет ми нот“, која служела како почетна тема за анимето Ри-Мејн, и јапонските верзии на „Гивен-тејкен“ и „Лет ми ин (20 кјуб)“. На 29 јули, Енхајпен соработувал со анимираната телевизиска серија Малечкиот авотбус Тајо да ја преправат тематската песна „Хеј Тајо“ и објавиле нова песна со наслов „Били поко“. На 25 август, Билифт потврдил дека Енхајпен ќе објави нова музика на крајот на септември. На 2 септември, сепак, плановите биле одложени кога Хисунг, Џеј, Џејк, Сонгхун и Џангвон биле позитивни на КОВИД-19; на 5 септември, Ни-ки исто така бил позитивен на тестот. На 16 септември, Билифт објавил дека членовите се опоравиле и дека нивниот прв студиски албум, Дајменшн: Дилема (Dimension: Dilemma), би бил објавен на 12 октомври, со трејлер насловен „Интро: Вајтаут“ (Intro: Whiteout) објавен на 17 септември. На 23 септември било објавено дека преднарачките на албуми надминале 600.000 примероци за шест дена. До 7 октомври, преднарачките надминале 910.000 примероци. По објавувањето на Дајменшн: Дилема на 12 октомври, албумот се нашол на прво место на табелата за албуми Орикон во Јапонија и Табела за албуми Гаон во Кореја. На 19 октомври, Енхајпен ја добил својата четврта победа на музичкото шоу на СБС Ем-Ти-Ви, Д шоу со „Тејмд-дешд“ (Tamed-Dashed), проследено со победи на Шоу чемпион и Мјузик бенк. На 25 октомври, Дајменшн: Дилема (Dimension: Dilemma) дебитирал на 11-то место на Билборд 200, надминувајќи го нивниот претходен врв со Бордер: Карнивал. Покрај тоа, Енхајпен исто така влегол на Билборд Артист 100 на 12-то место. Од ноември 2021 година, Дајменшн: Дилема продал над 1,1 милион примероци на табелите Гаон, што го прави првиот милион продадени албуми на групата и како таков бил сертифициран од KMCA во декември. На 9 декември, Билифт потврдил дека Енхајпен ќе го објави Дајменшн: Енср (Dimension: Answer), препакувана верзија на Дајменшн: Дилема, на 10 јануари 2022 година. На 20 декември, компанијата исто така потврдила дека во февруари, Енхајпен ќе ја објави оригиналната јапонска песна „Олуејс“ (Always) како тема за Ен-Ти-Ви драма „Мучабури! Јас ќе бидам претседател“, што се емитувала почнувајќи од 12 јануари 2022 година.

2022: Дајменшн: Енср, втор јапонски сингл, Манифесто: Деј 1 и прв јапонски студиски албум На 8 јануари 2022 година, медиумите откриле дека преднарачките за Дајменшн: Енср (Dimension: Answer) надминале 630.000 примероци. На 19 јануари, Енхајпен ја добил седмата победа на музичкото шоу на Mм-Би-Си Ем, Шоу чемпион со „Блесд-ксрд“ (Blessed-Cursed), проследено со победа на Мјузик бенк на 21 јануари. Песната станала првата песна на групата која се искачила на првото место на табелата за преземање, Гаон, додека албумот се искачил на првото место и на табелата за албуми на Гаон и на табелата за албуми на Орикон, што го прави трет последователен албум на Енхајпен на врвот на јапонските топ листи. На 20 јануари било објавено дека групата поставила рекорд за најмногу записи на неделникот популарни трендинг песни на Билборд, со шест песни. Енхајпен, исто така, го заработил својот трет влез во топ 20 на Билборд 200, со Дајменшн: Енср на топ листите на 13-тото место, и нивниот трет последователен број еден на табелата на Билборд светски албуми. На 16 јануари, била објавена првата нова измислена веб-серија за групата, насловена како Темна месечина: Крвниот олтар.

На 11 февруари, Билифт објавил дека членот Сону бил позитивен на КОВИД-19. На 15 февруари, Билифт објавил дека Сону целосно се опоравил и го завршил карантинот, продолжувајќи ги активностите на 16 февруари. Јапонскиот дигитален сингл на Енхајпен, „Олуејс“ (Always) бил објавен на 22 февруари 2022 година. Бил вклучен во листата на песни на вториот јапонски сингл на Енхајпен, , кој бил достапен за претходна нарачка почнувајќи од 22 февруари. Синглот бил објавен на 3 мај, а исто така имало јапонски верзии на „Тејмд-дешд“ и „Дранк-дејзд“. „Тејмд-дешд“ (Tamed-Dashed) станала првата број еден песна на групата на Билборд Јапонија хот 100, со 386.142 продадени единици во првата недела. Синглот станал првото јапонско издание на Енхајпен кое надминало 300.000 продадени копии според Орикон, со што Енхајпен станал петтиот К-поп чин кој го постигнал ова во рок од една недела од објавувањето.

На 14 јуни, Билифт објавил дека Енхајпен ќе ја објави нивната трета ЕП, Манифесто: Деј 1, на 4 јули, со трејлер насловен „Вок д лајн“ (Walk the Line) објавен истиот ден. ЕП станал нивниот втор милион продаден албум и ги направил најбрзата К-поп група која постигнала два такви албуми. На 12 јули, групата ја добила својата деветта победа во музичкото шоу на шоуто на СБС Ем-Ти-Ви со „Фјучр перфект (Пес д мајк)“ (Future Perfect (Pass the Mic)), проследено со победи на Шоу чемпион и Мјузик бенк.

Во јули, било објавено дека Енхајпен ќе ја започне својата прва светска турнеја, Манифесто, која ќе започнела во септември 2022 година во Сеул и ќе завршела во Јапонија во ноември. Исто така, било потврдено дека на 12 август ќе ја објават оригиналната песна „Ај нид д лајт“ (I Need The Light) (구해줘) како тема за плејлистата и драмата Нејвер НАУ Мимикус, која ќе се емитува на 22 јули. На 21 јули, Билифт објавил дека членот Џеј бил позитивен на КОВИД-19; истиот ден, компанијата потврдила дека членот Џејк исто така бил позитивен. На 22 јули, Билифт потврдил дека членот Хисунг исто така бил позитивен на КОВИД-19. На 27 јули, Белифт објавил дека Џеј и Џејк целосно се опоравиле и го завршиле карантинот, продолжувајќи ги своите активности истиот ден. На 28 јули, компанијата потврдила дека Хисунг, исто така, целосно закрепнал и го завршил карантинот, продолжувајќи ги своите активности истиот ден.

На 12 август, Ескуајр Кореја официјално објавил дека Енхајпен ќе биде на насловната страница на нејзиното издание од септември 2022 година. На 15 август, Билифт објавил дека членот Сону нема да учествува на последниот настан за потпишување автограми истиот ден поради здравствени проблеми. Два дена подоцна, на 17 август, било објавено дека Сону нема да може да лета за Лос Анџелес за настапот на групата во Кеј-КОН. На 24 август, Билифт објавил дека членот Сону се опоравил и ќе продолжи со своите активности истиот ден. На 27 август, бил објавен тизерот за „Ван ин а билион“ (One in a Billion), од официјалниот саундтрак за веб-тонот Темна месечина: Крвниот олтар, песната била премиерно прикажана на 3 септември, а музичкото видео и дигиталниот сингл биле официјално објавени на 6 септември.