Оризарски манастир — манастир во близина на кочанското село Оризари.

Местоположба

Манастирот се наоѓа надвор од селото, во североисточна насока. До него во 2021 година бил изграден локален асфалтен пат од Оризари.

Историја

Манастирот се наоѓа во близина на месноста Бела Црква, на која во минатото постоела црква и која имала видливи ѕидови.

Манастирот и црквата биле целосно обновени во 2023 година, кога манастирската црква била и преосветена.

Градби во манастирот

Манастирот е составен од црквата „Св. Богородица Балаклија“, трпезарија и помошни објекти.

Црква „Св. Богородица Балаклија“

Црквата била подигната во 1940 година.

Особености

Манастирот е раководен од страна на домаќинот Стефан Смилков.

Во непосредна близина се наоѓа изворот Добра Вода, по кого е и наречен самиот манастир, за кој се верува дека има лековита вода.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Оризари (Кочанско) Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири во Брегалничката епархија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Кочанското архијерејско намесништво