Ана Кариќ (Перушиќ, 1941 — Загреб, 2014) била хрватска филмска, театарска и телевизиска глумица.
Биографија Родена е на 13 мај 1941 година во Перушиќ. По завршување на гимназијата студирала на академијата за драмски уметности во Загреб. Дипломирала во 1963 година.
Првата улога ја добила уште пред да дипломира, во 1961 година. во филмовите „Авантурист пред вратата“ и „Новиот костум на царот“. Таа била првенствено телевизиска глумица, но играла и во бројни филмови и театарски претстави. Глумела во голем број значајни хрватски продукциски филмови во режија на хрватските режисери Анте Бабај, Никола Танхофер, Звонимир Берковиќ и Крста Папиќ.
Таа ги играла улогите на прекрасни народни убавици и ликови на елегантни сензуални жени. Добитник е на наградата за актерска изведба во радио драма за периодот 2004/05 година. За голем придонес во српската кинематографија во 2010 година. Во 2008 година ја добила наградата „Фабијан Шоваговиќ“. Некои од најпознатите улоги ги одиграла во филмовите „Патување до местото на несреќата“, „Куќа“, „Да сме живи па да видиме“, „Тајната на Никола Тесла“ и „Инфекција“.
Во својот работен век како актер таа одиграла 49 филмски и 12 телевизиски улоги.
Таа починала на 9-ти. октомври 2014 година во Загреб, на ист ден со нејзиниот колега Борис Бузанчиќ, со кого заедно настапиле во над 500 театарски претстави, филмови и ТВ драми. Погребана е во загрепскиот крематориум.
Семејство Нејзините родители живееле во Риека. Била родена во Лика, Перушиќ, родниот град на нејзината мајка. Нејзиниот татко бил реставратор на Музејот на уметноста и работел исто на продажба на уметнички дела.
Детството го поминала со шест години помладата сестра Весна, која подоцна станала стоматолог.
Таа била многу приврзана за нејзината мајка. Таа ја сметала нејзината мајка за поддршка и најсилна жена во семејството. Таа и помогнала и во одгледувањето и грижата околу децата. Кариќ била во брак со адвокатот Иван Тур и со него имала два сина Том и Петар. Таа се забавувала со својот сопруг од својата шеснаесетта година. Се омажила на 20 години и цел живот го поминала со него. Тешко и било да ја поднесе смртта на нејзиниот сопруг. Утеха нашла во своето хоби и талент, цртање и рачно шиење на чанти.
На 68 година станала баба. Од помалиот син Петар добила внука.
Кариера По завршувањето на академијата, три сезони била ангажирана во театарот „Комедија“. По три години, таа го напуштила театарот и работела како слободен уметник.
Таа добивала секакви улоги. Играла улоги на прекрасни фолк убавици и елегантни сензуални жени. Не ѝ биле непознати улогите на несериозни службеници, атрактивни туристи, разочарани интелектуалки, градски жени и селанки.
Играла во театарски претстави на најважните фестивали во Европа и светот. Таа, исто така, имала забележителна кариера во филмот.
За вториот филм што го снимила, „Авантурист пред врата“ добила награда од критика во Пула. На филмскиот фестивал во Блед ја добила наградата за најдобра улога во филмот „Адам и Ева“.
Во соработка со режисерот Оливер Фрљиќ. Во првите три негови претстави таа ги играла главните улоги. Таа го сметала за свој омилен режисер. Таа долги години соработувала со италијанскиот режисер Марио Фанели. Под негова режија, таа играла во данската драма во која на екранот се појавила во комбинезони. Улогата во која нејзиниот колега Божидар Бобан во една од сцените и става пепелник на стомакот, предизвикало револт кај голем број од гледачите.
Последната театарска улога ја одиграла во 2014 година во претставата „Ребро“, авторски проект на Ксенија Зец и Саша Божиќ.
Филмографија
Телевизиски улоги
Филмови
Награди Ја добила наградата Златна арена за најдобра глумица и најдобра главна улога во романтичната драма „Ноќни бродови“ во режија на Игор Мирковиќ, во 2012 година.
Награда на Хрватскиот театар за актерска изведба во радио драма во 2004/05 година.
Награда „Фабијан Шоваговиќ“ 2010 година - една од најпрестижните хрватски награди, која се доделува на актери чија работа оставила голема трага во историјата на хрватската кинематографија.
Наводи
Категорија:Југословенски глумци Категорија:Хрватски глумци Категорија:Луѓе од Госпиќ Категорија:Починати во 2014 година Категорија:Родени во 1941 година Категорија:Хрватски филмски глумци