„Беда на филозофијата“ (француски: Misère de la philosophie) — книга на Карл Маркс, првобитно објавена во 1847 година во Париз и во Брисел. Во неа, тој дал остра критика на Прудоновото дело „Филозофија на бедата“.

Содржина Во предговорот (напишан во Брисел на 15 јуни 1847 година), Маркс го објаснува мотивот за критиката на Прудон, истакнувајќи дека него „во Европа необично лошо го познаваат. Во Франција, тој има право да биде лош економист, зашто го сметаат за добар германски филозоф; во Германија, напротив, може да биде лош филозоф, зашто важи за еден од најсилните француски економисти. Во двојното својство на Германец и економист, сакавме да вложиме протест против таа двојна заблуда.“Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 27. Karl Marx, Beda filozofije. Naprijed, Zagreb, 1959, стр. 29.

Книгата се состои од три глави:Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946. Karl Marx, Beda filozofije. Naprijed, Zagreb, 1959. Прва глава. Едно важно откритие 1. Спротивноста меѓу употребната и прометната вредност 2. Конституирана, или синтетичка вредност 3. Примена на законот за сразмерност на вредноста а. Парите б. Вишокот на труд Втора глава. Метафизика на политичката економија 1. Методата 2. Поделбата на трудот и машините 3. Конкуренцијата и монополот 4. Сопственоста или рентата 5. Штрајковите и работничките здруженија

Во изданието на книгата од 1884 година, Фридрих Енгелс додал и три прилози, и тоа:Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 158-185. Karl Marx, Beda filozofije. Naprijed, Zagreb, 1959, стр. 187-220. Марксовите ставови за Прудон, изнесени во берлинското списание „Социјалдемократ“ (броевите 16, 17 и 18 од 1865 година) еден дел од Марксовото дело од 1859 година, „Прилог кон критиката на политичката економија“ (стр. 61-64) во кој се коментираат ставовите на Џон Греј за парите преводот на Марксовиот говор за слободната трговија, одржан на јавната седница на Демократското здружение во Брисел, на 9 јануари 1848 година.

За делото Во предговорот на изданието од 1884 година, Фридрих Енгелс наведува дека книгата настанала во текот на зимата 1846-1847 година, кога Маркс ја поставил основната линија на својот нов поглед на историјата и економијата. Прудоновото дело „Системот на економски противречности или филозофија на бедата“, кое штотуки било објавено, му дало повод на Маркс да ги изложи своите погледи низ критиката на Прудон кој во тоа време се наметнал како водечка личност меѓу француските социјалисти.Фридрих Енгелс, „Предговор“, во: Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 9.

Изданија на македонски јазик Делото било објавено на македонски јазик во 1986 година од издавачката куќа „Комунист“ од Скопје.Библиотека Матице српске, Нови Сад (БМСНС) (пристапено на 14.11.2024)

Наводи

Категорија:Дела на Карл Маркс Категорија:Книги од 1847 година