Тамара Анатолиевна Дуда, алијас Тамара Гориха Зерња (родена на 5 јануари 1976 во Киев) е украинска писателка, преведувачка и волонтерка. Лауреат на Националната награда Тарас Шевченко на Украина во 2022 година. Авторка е на романот „Ќеркичка“ (2019), со кој ја добива наградата Книга на годината на Би-Би-Си. Тамара Дуда е позната по нејзините волонтерски активности. Биографија Тамара Дуда е родена во Киев. Во 1998 година дипломирала на Институтот за новинарство на Универзитетот во Киев. Од 2003 до 2005 година студирала на Меѓународниот универзитет во Киев. Над 20 години преведувала текстови на економска тематика од англиски на украински јазик.

Од 2014 година Тамара Дуда е волонтер во воениот конфликт во источна Украина, за што е одликувана од градоначалникот на Киев за нејзината волонтерска активност.https://zn.ua/socium/tonkaya-stena-mezhdu-nami-i-voynoy-_.html Дзеркало тижня: Тонка стіна між нами і війною (12 червня 2015 року) Таа е мажена и има три деца .

„Ќеркичка“ е првиот роман на Тамара Дуда. Издаден е од издавачката куќа „Билка“ на украински и англиски јазик. Во 2021 година романот е издаден и на македонски јазик во превод на Игор Станојоски во издание на издавачката куќа Муза. Настаните во книгата се случуваат во 2014 година за време на руско-украинската војна во источна Украина .

Наводи Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“ Категорија:Родени во 1976 година Категорија:Родени на 5 јануари

Категорија:Украински писатели