Рик и Морти: Аниме () — анимирана научнофантастична ТВ-серија за возрасни создадена од Такаши Сано, произведена од Studio Deen, Sola Entertainment и Telecom Animation Film за Adult Swim. Тоа е третата серија од франшизата „Рик и Морти“, сместена помеѓу сезоните 5 и 6 од изворната серија. Во анимето се појавуваат Јохеи Тадано како Рик Санчес и Кеисуке Чиба како Морти Смит, кои и двајцата ги озвучувале овие ликови во јапонската синхронизација на изворната серија. Англиската синхронизација има различна глумечка екипа од изворната серија.

Анимето следи пет кусометражни филма што биле објавени од март 2020 до ноември 2021 г. Службено била прикажана на 16 август 2024 г. и добила мешани одзиви од критичарите.

Содржина Рик и Морти: Аниме ги следи патешествијата на семејството Смит, особено на лудиот научник Рик Санчес и неговите двајца внуци: 14-годишниот Морти и 17-годишната Самер. Нивните родители, Џери и Бет (ќерката на Рик) не ги одобруваат нивните опасни патешествија. Серијата се сосредоточува на средбата на Морти со „временскиот воин“ по име Ел, и истражува различни приказни сместени помеѓу сезоните 5 и 6 од изворната серија, во време кога патувањето на порталот е затворено.

Во овие приказни, ги гледаме последните месеци на Вселенскиот Морти — јунак од алтернативна стварност — и вистинскиот татко на Морти, Џери Прајм. Серијата содржи и различни верзии на ликовите, како злобниот Претседател Морти, кои постојат во различни пространства, при што секоја верзија има малку различни особини во зависност од стварноста во која се наоѓаат.

Епизоди СезонаЕпизодиДатуми на објавувањеПочналаЗавршилаКусометражни филма529 март 202012 ноември 202111016 август 202418 октомври 2024

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Анимирани серии Категорија:Серии