„Палатата на Михла“ (Михларовата палата) — песна на поетот и бунтовникот Јозеф Шепањски од 1944 година. Напишана била за време на Варшавското востание, и е една од неговите најпознати песни.
̈За време на Варшавското востание од 1944 година, палатата Михла во Варшава била место на интензивни борби на 4 и 5 август во кои била вклучена на баталјонот и бунтовничката единица „Падобранец“. Бунтовничкиот поет Јозеф Шчепањски, член на единицата Падобранец, ја напишал песната за тие настани. Песната ја испеал вечерта на 4 август. Песната, набргу потоа била објавена во бунтовнички весник, брзо стекнала популарност меѓу партизаните, за нив ја извел популарниот пејач Миечислав Фог, а подоцна станала позната во цела Полска. Следниот ден Германците ја превземале зградата, која, оштетена во борбите, набргу потоа била и урната. Песната е именувана како најпознатата песна на Шепањски.
Мелодијата на песната се засновала на претходната, предвоена полска песна „Нема да ја дадеме Попрадова брана“. Автор на таа мелодија е словачкиот композитор Јан Шатњи.
Наводи
Категорија:Полски песни Категорија:Песни во 1944