Кјотовата награда — највисоката јапонска приватна награда за животно дело во областите на уметноста и науката. Таа им се доделува не само на оние кои се врвни претставници на нивните области, туку и на оние кои значително придонеле за научното, културното и духовното подобрување на човештвото. Кјотовата награда е создадена во соработка со Нобеловата фондација и многумина ја сметаат како јапонска верзија на Нобеловата награда, што претставува една од најпрестижните награди достапни во области кои традиционално не се почестени со Нобеловата награда.

Наградите се во вредност до 100 милиони јени (околу 700.000 УСД) по категорија и се доделуваат годишно од 1985 година од страна на Инамориската фондација, основана од Казуо Инамори. Лауреатите се објавуваат секој јуни, церемонијата на доделување на наградата и слични настани се одржуваат во Кјото, Јапонија, секој ноември.

Категории и области Наградата Кјото се состои од три различни категории, секоја со 4 области. Областите ротираат секоја година за да се создаде разновидна група на лауреати. Категориите и областите се:

Кјотова награда за напредна технологија Со областите: електроника, биотехнологија и медицинска технологија, наука и инженерство за материјали и информатички науки. Кјотова награда за основни науки Со областите: математички науки, биолошки науки, науки за земјата и планетата (астрономија и астрофизика) и животни науки (Со петтото подобласт на когнитивни науки со еден лауреат, Ноам Чомски во 1988 година). Кјотова награда за уметност и филозофија Со областите: музика, уметност, театар (кино) и мисла и етика

Лауреати Со Кјотовите лауреати за 2015 година, почестени биле 99 поединци и една фондација (Нобелова фондација). Поединечните лауреати се движат од научници, инженери и истражувачи до филозофи, сликари, архитекти, скулптори, музичари и филмски режисери. Соединетите држави имаат најмногу лауреати (44), потоа Јапонија (19), Обединетото Кралство (12), Франција (8) и Унгарија, Русија, Индија (3).

Наводи

Надворешни врски

Inamori Foundation Kyoto Prize at Oxford Kyoto Prize Symposium

Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Меѓународни академски награди