мини|Класична дрвена палета со нараквица за сразмер мини|Метална палета, чии страници може да се извадат, за превоз на огревно дрво мини|Автоматска палетизација на леб со роботи во Германиј
Превозна палета или транспортна палета (од францускиот palette) — посебно изработена рамна површина, на која се поставува стоката, која заедно со палетата образува единствена единица за превоз.
Класична дрвена палета може да се товари со 1 до 2 тони товар, а се ракува со помош на специјални возила дигалки - виљушкари. Палетите се произведуваат во стандардизирани ISO димензии, а големината на просторот за сместување на товар во возила и складови е дотерана на нивната големина.
Во логистиката, таквата технологија за испорака на стоки се нарекува палетизација.
Историја Првите превозни палети се појавиле по Првата светска војна, но масовно почнале да се произведуваат за време на Втората светска војна за потребите на Американската армија. По војната, на крајот на 1960-тите, почнале да се користат во трговијата и индустријата.
Денес, во Европа се произведуваат европалети чии димензии се 1000 × 1200 мм според ISO стандардот. Особено цврстите палети се изработуваат од челик, а оние за авионски превоз се изработуваат од алуминиум. Има палети и од пластика, но најчесто се користат оние од дрво.
Поврзано Европалета
Наводи
Надворешни врски
Yam, K. L., Encyclopedia of Packaging Technology, John Wiley & Sons, 2009, ANSI MH1-2021 – Pallets, Slip Sheets, and Other Bases for Unit Loads, by the American National Standards Institute (ANSI), at Material Handling Institute ASTM D 1185 Test Methods for Pallets and Related Structures, ASTM International ASTM D6253 Treatment and/or Marking of Wood Packaging Materials, ASTM International
Категорија:Амбалажа Категорија:Превоз и достава на стоки Категорија:Галицизми