Плашете се од живите мртовци () — американска постапокалиптична ТВ-серија за зомбија. Создадена е од Роберт Киркман и Дејв Ериксон за AMC и е нуспроизвод на „Живи мртовци“, која е заснована на стрип-серијал. Таа е втората серија во вселената на „Живи мртовци“. Првите три сезони покажуваат како започнало избувнувањето на зомбијата, следејќи едно семејство што се обидува да преживее. Подоцнежните сезони се случуваат во исто време со настаните во „Живи мртовци“, а Морган Џонс (го игра Лени Џејмс) се приклучува на приказната.
Во серијата првично глумеле Ким Дикенс (како Медисон Кларк), Клиф Кертис (Тревис Манава), Френк Дилејн (Ник Кларк) и Алиша Дебнам-Кери (Алиша Кларк). Од четвртата сезона, Лени Џејмс станал главниот лик. Други главни членови на глумечкиот состав се Колман Доминго, Рубен Блејдс, Меги Грејс и Џена Елфман. Серијата била премиерно прикажана на 23 август 2015 г., а завршила на 19 ноември 2023 г., по осум сезони и 113 епизоди. Се снимала на неколку места, вклучувајќи ги Лос Анџелес, Тексас, Мексико и Канада.
Содржина Првите три сезони на Плашете се од живите мртовци се случуваат во Лос Анџелес, Калифорнија, а подоцна и во Мексико. Тие следат мешано семејство: средношколската советничка Медисон Кларк, нејзиниот свршеник Тревис Манава (професор по англиски јазик), нејзината ќерка Алиша, нејзиниот син Ник (кој се бори со зависноста од дрога), синот на Тревис, Крис од претходниот брак, и мајката на Крис — Лајза Ортис. Како што започнува зомби-апокалипсата, тие се здружуваат со другите и мораат да научат нови вештини и ставови за да преживеат додека светот се распаѓа.
Почнувајќи од четвртата сезона, приказната се сосредоточува на Морган Џонс, лик од Живи мртовци, кој ги запознава преостанатите членови на групата и новите преживеани во Тексас.
Глумечки состав Ким Дикенс — Медисон Кларк
Клиф Кертис — Тревис Манава
Френк Дилејн — Николас „Ник“ Кларк
Алиша Дебнам-Кери — Алиша Кларк
Елизабет Родригес — Елизабет „Лајза“ Ортис
Лоренцо Џејмс Хенри — Кристофер „Крис“ Манава
Мерцедес Мејсон — Офелија Салазар
Рубен Блејдс — Даниел Салазар
Колман Доминго — Виктор Стренд
Мишел Анг — Алекс
Данај Гарсија — Лусијана Галвес
Даниел Шерман — Трој Ото
Лени Џејмс — Морган Џонс
Џена Елфман — Џун „Наоми-Лаура“ Дори
Остин Амелио — Двајт
Кристин Евангелиста — Шери
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Телевизиски серии на англиски јазик Категорија:Американски телевизиски серии