Пано Мартулков исто така познат по имињата Онче Мартулков и Јован Мартулков (во постар македонски правопис: Пано/Онче/Йованъ Мартулковъ; Велес, 1834 — после 1914) — македонски брашнар и активист од Велес, таткото на браќата револуционери Петар и Алексо Мартулков. Пано бил соработник со Македонската револуционерна организација и како резултат од тоа бил осуден и прогонет во турскиот град Дијарбекир. Неговиот сопружник е Сава Мартулкова (моминско: Василова)
Животопис Според мемоарите на Алексо Мартулков, Пано Мартулков заедно со неговата жена Сава Василева се родени во градот Велес. Не се знае многу за животот и дејствијата на Пано Мартулков освен дека работел како брашнар и дека бил восхитен и учесник во македонското национално движење. Можниот татко на Пано Мартулков е Тодор Мартулков, кој бил дел од музичкото образование во училиштето на македонскиот преродбеник Јордан Хаџи Константинов Џинот. Според документацијата на Христо Чучков, семејството Мартулкови се појавило во Велес после 1810-тите години.Бързоречани.Прадеди, родени около 1740—1760 г. и Дядовци, родени около 1780—1810 г.) (1929) Еден од пооспорените елементи за Пано Мартулков е неговото име.
Родното име на Алексо Мартулков според документацијата на различни историчари е Александар Ончев Мартулков. Додека родното име на Петар Мартулков според документацијата е Петар Панов Мартулков. Тоа би требало да биде невозможно заради тоа што средното име е секогаш патронимот, или името на таткото. Во мемоарите на Алексо Мартулков името на татко му е Онче Мартулков или Јован Мартулков, додека информациите објавени од БАН за животописот за Петар Мартулков, нивниот татко се викал Пано Мартулков. Не е познато од каде Алексо Мартулков ја добил информацијата дека неговиот татко се викал Онче Мартулков но според деталите на автобиографијата се познава дека Алексо имал слаба комуникација со неговото семејство. Како пример во неговиот прв дел од автобиографијата тој грешно истакнал дека неговиот брат умрел во 1907 година во Велес, но Петар умрел во 1947 година кај Софија. Според документацијата има поголема можност дека се викал Пано Мартулков отколку Онче Мартулков.
Според автобиографијата на Алексо Мартулков, тој си го изгубил неговиот татко во 1886 година или кога бил осумгодишна возраст, но такви информации исто така не совпаѓаат со документацијата. Во идно поглавје на истата автобиографија Алексо Мартулков истакнал како неговиот татко бил уапсан за ограбувањето на Хаџи Јован, кој се случило во 1899 година. Според информациите од стариот весник „Отечество“ во 1909 година, Пано Мартулков заедно со Лазо Петрев, Диме Илиев, Иван Димев, Диме Карапанов, Илија Ангелов и Трајко Бујуклија биле осудени во турскиот суд кај градот Велес, заради тоа што тогашната влада ги сметале тие велешани како убијците на Петре Христов од Отиштино.ОТЕЧЕСТВО, Брой № 86, 16.12.1909 Во неговата книга за градот Велес за време на Балканските војни и Прва светска војна Ѓорѓи Малковски наведува документ од српската власт за истакнати трговци во градот, меѓу нив бил Пано Мартулков кој по професија бил именуван како бакал од Кузево маало. Додека во еден записник од српскиот општински одбор на Велес во 5 јули 1915 година бил докуменитран бакал со името Диме Панов Мартулков. Пано Мартулков доживеал непозната судбина.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Дејци на МРО Категорија:Родени во 1834 година Категорија:Македонски револуционери Категорија:Мартулкови Категорија:Отомански Македонци