Сопаипиња, сопапиља, сопаипа или качанга е вид на пржено печиво и еден вид крофна што се служи во неколку региони со шпанско наследство во Америка. Зборот сопаипиља е деминутив на сопаипа, збор што влегол во шпанскиот јазик од мозарапскиот јазик на Ел-Андалус. Оригиналниот мозарапски збор хопаипа се користел за леб натопен во масло.Correa, Adriana. Comida de larga tradición Diario de Cuyo

Сопаипиљата традиционално се прави од пченично тесто со квасец на кое се додава путер. Откако ќе се остави да нарасне, тестото се витка како лист, кој потоа се сече на кружни, квадратни или триаголни форми, 8-10 цм во големина за најдолга димензија (ако е наменета за десерт) или 15–20 цм (ако е наменета за полнење за главно јадење). Овие парчиња потоа се пржат во масло, понекогашсе оставаат дополнително да нараснат пред да се пржат: пржењето формира шуплив џеб во центарот.

Поврзано

Буњуело Список на видови крофни Мексиканска кујна

Наводи

Литература

Надворешни врски

Како да направите сопаипили во стил на Ново Мексико Категорија:Мексиканска кујна Категорија:Крофни