Мочи крофни, исто така познати како пои мочи, се печиво што ги вкрстува традиционалните крофни во американски стил и јапонските мочи. „Хибридното тесто од мочи крофните прави крофна што е мека и влажна, со задоволувачко џвакање“. Раната верзија на овие крофни може да се следи до Хаваи во раните 1990-ти. Мочи крофните биле популаризирани од „Пон де Ринг“ на Мистер Донат во раните 2000-ти. Мочи крофните најчесто се формираат во кружна форма, составена од осум мали топчиња кои лесно се кршат. Тие се направени од лепливо оризово брашно или брашно од тапиока.
Историја и потекло мини|Мочи крофна со вкус на јагода од Мистер Донат Една од најраните верзии на мочи крофни може да се проследи до развојот на „пои мочи“ од Чармајн Окасек на Хаваи во 1992 година. Оваа верзија е спој на американски крофни и јапонски мочи и „се состои од пржени топчиња од таро пире и мочико, јапонско слатко оризово брашно од кратко зрно“.
Во 2003 година, јапонскиот синџир за крофни Мистер Донат го лансирал пон де ринг , именуван по бразилскиот леб пау де кежо. Оваа верзија на хибридниот десерт била популаризирана во Јапонија пред да се прошири во САД преку Хаваи. Хаваи „најчесто ги прифаќаат трендовите на јапонската храна пред остатокот од [Соединетите Држави], благодарение на поголемата популација на Јапонско-Американци и поблиската близина до Јапонија“. Стилот „пон де ринг“ е обликуван во прстен од осум поврзани мали топчиња. Нарекувајќи го стилот „пон де ринг“ мочи крофна, Епицјуриос изјавиле: „доволно чудно, ниту пон де ринг ниту пау де кежо не се прават со лепливо оризово брашно. И двете обично користат брашно од тапиока, а додекапау де кежо е без глутен, повеќето рецепти за пон де ринг вклучуваат и пченично брашно [...] Некои луѓе сугерираат дека името има помалку врска со лепливото оризово брашно што често го поврзуваме со храната наречена мочи и повеќе со фразата мочи-мочи, која опишува уникатно мека, но еластична или дури и бујна текстура“.
Современа подготовка Мистер Донат користи брашно од тапиока за да произведе мочи крофни кои лесно се разделуваат. Друга варијација развиена во Соединетите Држави користи лепливо оризово брашно кое произведува погуста крофна од мочи слична на мочи со путер во хавајски стил. Мочи крофните направени од лепливо оризово брашно „обично содржат половина од количеството калории на стандардната торта или крофна со квасец“. Списанието Тејк аут забележало дека „мочи крофните имаат крцкава надворешност, поради тоа што се пржени или печени, и тегава внатрешност благодарение на употребата на слаткото оризово брашно и дека „некои рецепти се без глутен, бидејќи користат ориз или брашно од тапиока а не конвенционална сорта пченица“.
Опрема Иако мочи крофните може да се направат рачно, повеќето пекари користат машини кои го обликуваат тестото во традиционални облици на прстени и ги испуштаат директно во маслото за поголема ефикасност.
Варијации Мочи крофните може да се најдат во различни вкусови и бои. Слично на „обични крофни, мочи крофните обично имаат класично, путерско тесто од ванила“. Глазурите со „јапонски вкусови како мача, пандан и убе се вообичаени“. Мочи крофните често се наоѓаат украсени со различни додатоци како што се чоколадни чипови, сусам, чипс од кокос на скара, свежо или кандирано овошје, мача во прав или шеќер со цимет.
Мистер Донат нуди варијации со сезонска тематика со различни глазури како јагода; верзија направена од чоколадно тесто и верзија која е наполнета со крем.
Популарност Првично популарни во Азија, мочи крофните брзо се здобиле со популарност низ САД во последниве години со помош на социјалните мрежи. Светлите бои на мочи крофните и разиграната форма, која потсетува на цвет или нараквица, ги прави особено фотогенични.
Поврзано
Боба чај Список на видови крофни
Наводи
Категорија:Крофни Категорија:Пржена храна Категорија:Јапонска кујна Категорија:Статии со текст на јапонски