Артибонит (; Хаитски креолски: Latibonit) — еден од десетте департмани во Хаити што се наоѓа во средишниот дел на Хаити. Со површина од 4.887 км2 е најголемиот департман на Хаити. Во 2015 година неговото население било проценето на 1.727.524 жители. Областа е главна област за одгледување ориз во земјата. Главен град му еГонаив, а се истакнува и Сен Марк. Во февруари 2004 година, имало неуспешен обид да се прогласи независност на Артибонит.
Географија Департманот се граничи на север со Северниот и Северозападниот Департман, на запад со Гонавскиот Залив, на југ со Западниот и на исток со Центар. Основна географска одлика на овој департман е реката Артибонит, која минува низ јужната половина на департманот, овозможувајќи одгледување ориз во во нејзината долина. Департманот има два планински венци кои се протегаат од СЗ до ЈИ. На северниот брег на долината е Црната Планина, а на јужниот брег е планината Мате. Заливот Гонаив е еден од најдобро заштитените заливи во земјата. Заливот Сент Марк е најголемиот залив во облик на латиничната буква U во земјата.
Животна средина Во една од најголемите мангрови шуми на Хаити, што се наоѓа јужно од Гонаив живеат фламинга и други ретки видови животни. На тој простор има и песочни дини. Има многу лагуни и реки кои минуваат низ долината. Најголемото езеро во Артибонит е езерото Боа-Неф јужно од Сен Марк.
Административна поделба Департманот Артибонит е поделен на пет арондисмани, кои понатаму се поделени на шеснаесет комуни. мини|300x300пкс| Арондисманот Десалин
Арондисман Десалин Дедин Десалин Гранд Салин Петит Ривиер де л'Артибонит Арондисман Гонаив Енери Лестер Гонаив Арондисман Гро-Морн Анс-Руж Гро-Морн Тер-Нев Арондисман Мармелад Мармелад Сен-Мишел-де-л'Атале
мини|300x300пкс| Арондисманот Сен Марк
Арондисман Сен Марк Ла Шапел Сен Марк Верети Монтруи Лианкур
Наводи
Категорија:Департмани во Хаити