мини|300x300пкс| Тувански чумови во етнокултурниот комплекс на Алдин-Булак, Русија, Тува Чум е привремено живеалиште што го користат номадските уралски чувари на ирваси (Ненци, Нганасани, Енци, Ханти, Манси, Коми, Селкупи) од северозападен Сибир, Русија. Евенките, тунгузиските народи кои живеат во Русија, Монголија и Кина, исто така, користат чумови, како и народот Кет кој зборува енисејски јазик. Тие се користат и од најјужните чувари на ирваси, од регионот Тоџа во Република Тува како и нивните прекугранични роднини во северна Монголија. Дизајнот е сличен на домородните американски типи, но некои верзии се помалку вертикални. Тој е многу тесно поврзан со лаву на лапонскиот народ, но е нешто со поголеми димензии. Некои чумови може да бидат во дијаметар и до десет метри.
Конструкција лево|мини| Чум на Евенки|260x260пкс мини| Модерен Ханти чум|298x298пкс мини| Рамка за чум во селото Келог|298x298пкс Рамката на традиционалниот чум е направена од дрвени столбови кои се поредени во облик на кружен конус. Покривот околу рамката може да биде од кожи на ирваси сошиени заедно, како и од кора на дрво или од филц. Модерните чумови можат да користат современи материјали како нпр. филц. Во средината има огниште што се користи за затоплување и за одбивање на комарци. Чадот излегува низ дупка на врвот на чумот. Рамката и покривката се прилично тешки, и се пренесуваат со ирваси. Чумот сè уште се користи и денес како засолниште во текот на целата година за народот Јамал-Ненци, Ханти и Тоџа Туван народот од Русија.
Зборот чум (руски: чум) доаѓа од Коми јазикот (чом) или Удмурт јазикот (чум), и двете значат „шатор, засолниште“. На различни јазици чумот се именува со различни имиња.
Поврзано
Јурта Типи Вигвам Лаву
Наводи
Категорија:Шатори