Фадил Вокри (23 јули 1960 - 9 јуни 2018) — југословенски и косовски поранешен фудбалер, напаѓач.
Вокри се смета за еден од најголемите косовски фудбалери во историјата на земјата, како и еден од најголемите југословенски фудбалери на своето време. Својата кариера ја започнал во екипата на Приштина, а потоа играл за Партизан, Ним, Фенербахче, Бурж и Монлисон.
За репрезентацијата на Југославија настапувал во периодот 1984-1987, забележувајќи 12 настапи и 6 гола.
Toj бил претседател на Фудбалската федерација на Косово почнувајќи од 16 февруари 2008 година, па се до неговата смрт на 9 јуни 2018 година.
Биографија Роден во Подуево, СФР Југославија (денешно Косово), oд родители етнички Албанци. Вокри бил познат по неговиот пристап сличен на Диего Марадона со брзи движења и силен шут.
Вокри и неговата сопруга Едита имаат два сина Грамози и Алберт и ќерка по име Албана.
Тој дипломирал на Факултетот за менаџмент и бизнис. Освен мајчиниот албански јазик, течно зборувал и француски, српски и турски јазик.
На 9 јуни 2018 година, Вокри доживеал срцев удар додека вежбал и починал на пат кон итната медицинска помош. Му бил извршен државен погреб на 10 јуни 2018 година и бил погребан на Градските гробишта во Приштина. Косовскиот претседател Хашим Тачи го прогласил денот како национален ден на жалост.
На 10 јуни 2018 година, Градскиот стадион во Приштина во негова чест бил преименуван во Стадион „Фадил Вокри“.
Клупска кариера Вокри ја започнал кариерата на 16-годишна возраст во Љапи, а потоа се преселил во Приштина во 1980 година. Со косовскиот клуб, тој ја освоил источната група на Втората југословенска лигата 1982-1983, обезбедувајќи промоција во првата. Во неговата дебитантска сезона во Првата лига, тој постигнал 9 гола и го освоил осмото место со својот клуб, по што во следната сезона го освоил десеттото место. По промоцијата во највисоката лига, Приштина играла во Митропа купот, натпреварување во кое завршиле втори зад австрискиот тим Ајзенштат. Во последната сезона со Приштина, Вокри постигнал само 5 гола и неговиот тим го освоил единаесеттото место.
Во 1986 година, Вокри му се приклучил на со кој ја освоил, по укинувањето на клупските казни што го карактеризирале првенството, Првата лига на Југославија, придонесувајќи со 5 погодоци. Во 1987 година, тој бил избран за најдобар југословенски играч. Година подоцна, Партизан го освоиле второто место во првенството и биле елиминирани во првото коло на Купот на УЕФА 1987-1988 од албанската екипа Фљамуртари; после поразот со 2-0 во Албанија, во реваншот во Белград, Вокри постигнал гол со кој Партизан го изедначил вкупниот резултат на 2-2, но откако примиле уште еден гол во самата завршница „црно-белите“ биле елиминирани од натпреварувањето. Во својата последна сезона со Партизан, Вокри го освоил Купот на Југославија, постигнувајќи гол во победата од 6-1 над Вележ Мостар во финалето. Вкупно во дресот на Партизан одиграл 68 натпревари и постигнал 24 гола.
Помеѓу двата трофејни успеси, италијанскиот клуб Јувентус покажал интерес за потписот на Вокри. Меѓутоа, бидејќи не го завршил тогашниот задолжителен воен рок, не можел да отпатува во странство и затоа морал да ја одбие понудата. Тој на крајот ги исполнил условите за воен рок додека играл за Партизан, исполнувајќи лесни задачи во текот на неделата околу тренинзите и меѓу натпреварите.
Во 1989 година, се преселил во Франција каде играл за тамошниот второлигаш Ним Олимпик, со кои го освоил третото место во Групата А во Дивизија 2 1989-1990.
Во 1990 година се преселил во Турција за да игра за , со кого во неговата прва сезона го освоил петтото место, а потоа второ место во следната сезона. И покрај тоа што највеќе заради неговата возраст, тој не бил веќе толку продуктивен како во Приштина и Партизан, Вокри бил миленик на навивачите за време на неговиот престој во клубот од Истанбул.
Во 1992 година, се вратил во Франција, каде и ја завршил својата кариера играјќи за екипите прво на Бурж (1992-1993), а потоа и на Монлисон (1993-1995).
Репрезентативна кариера За југословенската репрезентација дебитирал на 12 септември 1984 година, во поразот со 6-1 од во пријателски натпревар, во кој исто така тој го постигнал единствениот гол за својата земја.
Вкупно за Југославија одиграл 12 натпревари и постигнал 6 гола, во периодот од 1984 до 1987 година.
Хронологија на репрезентативни настапи
По повлекувањето По завршувањето на својата играчка кариера Вокри со семејството живеел во Франција. По завршувањето на Косовската војна, Вокри се вратил во својата земја и станал спортски директор на Приштина. На 16 февруари 2008 година, бил избран за претседател на Фудбалската федерација на Косово, функција која ја вршел до својата смрт.
Статистика за кариера Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол1980-1981 Приштина 2Л 25 5 КЈ ? ? - - - - - - 25+ 5+1981-1982 2Л 27 13 КЈ ? ? - - - - - - 27+ 13+1982-1983 2Л 32 15 КЈ ? ? - - - - - - 32+ 15+1983-1984 1Л 31 9 КЈ ? ? МК ? ? - - - 31+ 9+1984-1985 1Л 30 8 КЈ ? ? - - - - - - 30+ 8+1985-1986 1Л 27 5 КЈ ? ? - - - - - - 27+ 5+Вкупно Приштина 172 55 ? ? ? ? - - 172+ 55+1986-1987 1Л 28 5 КЈ 1 0 КУ 2 0 - - - 31 51987-1988 1Л 11 6 КЈ 1 0 КУ 2 1 - - - 14 71988-1989 1Л 16 7 КЈ 3 3 КУ 4 2 - - - 23 12Вкупно Партизан 55 18 5 3 8 3 68 241989-1990 Ним Д2 24 13 КФ ? ? - - - - - - 24+ 13+1990-1991 1Л 21 6 КТ 2 1 КУ 4 2 - - - 27 91991-1992 1Л 22 7 КТ 1 0 - - - - - - 23 7Вкупно Бетис 43 13 3 1 4 2 50 161992-1993 Бурж Д2 30 10 КФ ? ? - - - - - - 30+ 10+1993-1994 Монлисон НПФ2 26 11 КФ ? ? - - - - - - 26+ 11+1994-1995 НПФ2 13 1 КФ ? ? - - - - - - 13+ 1+Вкупно Монлисон 39 12 ? ? 39+ 12+Вкупно во кариерата 363 121 8+ 4+ 12+ 5+ - - 383+ 130+
Постигнувања Партизан
Прва лига на Југославија : 1 1986-1987 Куп на Југославија : 1 1988-1989
Наводи
Надворешни врски FFK Kosova
Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Косовски фудбалери Категорија:Статии со извори на албански (sq) Категорија:Фудбалери на ФК Приштина Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалери на ФК Ним Олимпик Категорија:Фудбалери на ФК Монлисон