алт=A woman cooking sel roti in a traditional Nepalese wooden stove|мини| Жена подготвува сел роти на традиционален непалски дрвен шпорет Сел роти е традиционално непалско слатко пржено тесто во облик на прстен, направено од оризово брашно. Најмногу се подготвува за време на Дашаин и Тихар, нашироко прославените хинду фестивали во Непал, како и регионите Дарџилинг, Калимпонг и Сиким во Индија. Јадењето е популарно низ Непал. Сел роти се прави од тесто од оризово брашно, вода, шеќер, џи и зачини кои потоа се пржат во масло за готвење.

Потекло Динеш Раџ Панта, професор на Непалски Санскритски Универзитет проценува дека ова јадење е старо повеќе од 800 години. Според Мадулика Даш, индиски колумнист за храна, јадењето било направено блуткаво пред многу години, без шеќер и зачини. Со текот на годините со мешање на различните етникуми на Непал, јадењето ја добило својата модерна форма. Даш, исто така, проценува дека сел роти можеби бил изменета форма на бабари, непалската палачинка од ориз. .

Тестото се истура со рака во форма на прстен во врело масло и се готви на средна топлина додека да добие светло кафена боја од двете страни. Две метални или дрвени стапчиња, секој од околу 30 цм долги, се користат за вртење на тестото додека се готви.

Галерија

Поврзано

Список на видови крофни

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Индиска кујна Категорија:Крофни Категорија:Непалска кујна