Соџу — бистар и безбоен дестилиран алкохолен пијалак, традиционално направен од ориз, но подоцна од други житарици и има вкус сличен на вотка. Обично се консумира како што е, без додатоци. Неговата содржина на алкохол варира од околу 12,5% до 53% алкохол по волумен (ABV), иако од 2007 година соџу со ниско ниво на алкохол под 20 % станало попопуларно.

Традиционално, повеќето марки на соџу се произведуваат во регионот Андонг, но и во други региони и земји. Додека соџуто традиционално се правело од ориз, јужнокорејските производители на етанол го заменувале оризот со друг скроб, како што е маниоката поради значително пониските капитални трошоци. соџуто често изгледа слично на неколку други алкохоли од Источна Азија, но се разликува во содржината на алкохол.

Бонтон Најважното правило во корејскиот бонтон за пиење е дека најмладата личност во групата ги сипува пијалаците на постарите. Тоа се однесува не само на возраста, туку и на хиерархијата во една компанија. При сипување на алкохол, треба да се употребат двете раце. Кога примате алкохол, треба да се користат и двете раце за држење на чашата. Се смета за непристојно сами да си наточите пијалак.

Потрошувачка десно|мини| Во просек, Јужнокорејците пијат најмногу дестилиран алкохол од која било националност. Иако пивото, вискито и виното се здобиваат со популарност во последниве години, соџуто останува еден од најпопуларните алкохолни пијалаци во Кореја поради неговата достапност и релативно ниската цена. Повеќе од 3 милијарди шишиња биле потрошени во Јужна Кореја во 2004 година. Во 2006 година, било проценето дека просечниот возрасен Корејец (постар од 20 години) консумирал 90 шишиња соџу во текот на таа година. Во 2014 година, било објавено дека Јужнокорејците конзумирале просечно 13,7 чашки алкохол неделно, што е највисока потрошувачка по глава на жител на алкохолни пијалаци во која било земја. Меѓутоа, поради помалата концентрација на алкохол во соџу во споредба со другите дестилирани пијалаци и недостатокот на меѓународен стандард за волуменот на чашката, тоа не мора да значи поголема потрошувачка на алкохол од дестилирани алкохолни пијалаци.

Поврзано

Баиѕу, од Кина Корејска кујна Вино од ориз Саке, од Јапонија Шочу, Јапонија

Наводи

Литература

Надворешни врски

Популарни алкохоли од Кореја

Категорија:Алкохолни пијалаци Категорија:Корејска кујна