мини|361x361пкс| Химбергајст направен од диви малини во регионот на Шварцвалд во Германија Химбергајст познати и како алкохол од малина добиен со мацерација и дестилација, е алкохолен пијалак направен од малини. Се произведува главно во Германија и во регионот Алзас во Франција.
Наместо да се дестилира ферментирана каша од свежо овошје во жесток алкохол, како овошно бренди, химбергајст се прави како инфузија. Малините имаат ниска содржина на шеќер што може да произведе само ограничена количина на алкохол, така што химбергајст се создава со мацерирање на свежи бобинки во 96% чист шпиритус. Смесата потоа се остава неколку недели за да се извади есенцијата на малина, се дестилира, се разредува со прочистена вода и се флашира на 37,5% алкохол или појака. Производителите можат да додадат мала количина шеќер за да го заокружат конечниот вкус, но според законот на ЕУ, тоа не може да надмине 10 грама инвертен шеќер на литар. Додадените бои и вкусови исто така не се дозволени.
Потребни се околу 7,7 кг. малини за да се добие еден литар химбергајст. Традиционално се сервира под собна температура, чист, во чаша во вид на лале.
Поврзано
Ракија
Наводи
Категорија:Овошни алкохолни пијалаци Категорија:Алкохолни пијалаци Категорија:Жестоки пијалаци