Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Жиганци; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — поранешно подрачно основно училиште во кочанското село Жиганци, кое било во состав на истоименото училиште од селото Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.

Училиштето било именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во селото Жиганци.

Историја

Училиштето било изградено во 1960 година. Бидејќи училиштето е ставено во мирување, учениците од Жиганци наставата ја посетуваат Соколарци.

Услови

Училиштето располага со 2 училници и 1 наставничка кацеларија, како и спортски терен за реализација на наставата по физичко и здравствено образование. Училиштето е моментално затворено и се наоѓа во лоша состојба.

Настава

Во училиштето наставата се изведувала на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Поранешни основни училишта во Општина Чешиново-Облешево Жиганци Категорија:Жиганци Категорија:Поранешни основни училишта во Македонија