Пештери Лунгмен (кинески 龍門石窟; пинјин: lóngmén shíkū, што значи „Пештера на змејската врата“), познати и како „Шуми на древните стели“ се збир од околу сто илјади фигури на Буда и неговите ученици, врежани во 1.400 вдлабнатини и пештери во карпите на планините Сјангшан и Лунгменшан, 12км јужно од денешниот град Луојанг, во денешна кинеска провинција Хенан. Тие се едни од најпознатите дела на будистичката уметност, а оваа област некогаш била позната како Јике („Портата на реката Ји“), бидејќи реката минува меѓу исклесаните карпи на двете планини, така да локацијата наликува на традиционалните кинески кули кои стоеле од двете страни на градските порти. 2000-та година, Лунгмен пештерите биле впишани на листата на УНЕСКО на светско наследство во Азија и Океанија како „извонредна манифестација на човековата уметничка креативност, префинетост на оригиналната уметничка форма и како олицетворение на културата на династијата Танг“. Историја мини|Панорама на пештерите Лунгмен|446x446пкс Градењето на пештерите Лунгмен започнало во 493 година кога императорот Ксијаовен од династијата Северен Веи, го преселил својот главен град во Луојанг. Во следните векови, изградбата продолжила во неколку фази:
Во првиот период од 493 до 534 година, било интензивно издлабување на отворите, а првата пештера била Гујангдонг (позната и како храмот Шику) која, според пронајдените записи, била издлабена од повеќе од 200 работници. Императорот Ксуанву дал да се издлабат две пештери во спомен на неговиот татко Ксијаовен и една за неговата мајка Венџао. Овие пештери се познати како Трите Бинјанг пештери (Бинјангсандонг) и биле потребни 24 години за да се завршат. После нив биле изградени бројни други на западниот рид кои претставувале 30 проценти од вкупниот број на пештери.Robert D. Fiala, Historical Architecture, Longmen Grottoes preuzeto 7. kolovoza 2011.лево|мини|698x698px| Бодисатви од пештерата Лунгмен
Од 524 дo 626 година следел период на забавена градба на помали пештери, поради војна во ова подрачје помеѓу две кинески династии, Суеј (581-618 година) и Танг (618-907 година).
Династијата Танг (626 година) на својот врв, го започнала третиот период, во кој кинескиот будизам повторно процветал. Во овој период бил достигнат уметнички врв во изградба на пештерите Лунгмен, особено за време на владеењето на императорот Гао Зонг и императорката Ву Цетјен, кои делумно живееле во Луојанг. Овој период најдобро е претставен со групата џиновски фигури на пештерата Фенгксианси, кои се сметаат за ремек-дела од светско значење. Во овој период, на двата рида биле изградени бројни пештери со различна големина кои сочинуваат околу 60% од вкупниот број на пештери во Лунгмен. Тогаш биле изградени и бројни будистички храмови во живописниот крајолик. Денес од нив останале само урнатини, но сепак тие се сé уште важен дел од комплексот.
Последниот период, од 755 до 1127 година, за време на доцниот период на династијата Танг и за време на династијата Северен Сонг, имало периоди на мали градби. По бунтот во 8 век и окупацијата на Лунгмен, ова подрачје више никогаш не се опоравило. Потоа следувал периодот на династиите Џин и Јуен, во кое време воопшто не се работело на пештерите Лунгмен.
За време на династиите Минг (1368-1644 година) и Ќинг (1644-1912 година), Лунгмен пештерите биле препознаени по нивната уметничка, културна вредност и како национални богатства, кои почнале да ги истражуваат. Во текот на 1940-тите, некои камени скулптури беа украдени и прошверцувани во странство, а со формирањето на Народна Република Кина тие добиле државна заштита.
Карактеристики мини|Странични фигури на Гујангдонг|333x333пкс мини|Храмот Фенгсијан|249x249пкс Во Лунгмен има околу 100.000 скулптури, чија големина е 25 mm до 17 m, а има и речиси 2.500 стели со натписи и повеќе од 60 будистички пагоди. Пештерите, врежани во опсег од 1 км од двете страни на реката, се наоѓаат во живописен пејзаж. Околу 30% од нив потекнуваат од времето на Северната династија Веи, а 60% од времето на династијата Танг, додека само 10% потекнуваат од подоцнежните периоди на кинеската историја.
Гујангдонг Гујангдонг или „Старосончевата пештера“ е најстарата и воедно најголемата пештера на Лунгмен. Се наоѓа во централниот дел на Западниот рид и се состои од три големи ниши поставени во форма на потковица, со централна голема фигура на Шакјамуни Буда и бодисатви на двете страни од него. Од двете страни на нишите и во пештерите има околу 800 натписи, што е најголем број пронајдени на едно место во Кина. На јужниот и северниот ѕид на пештерата има два реда ниши во кои има голем број сцени со натписи кои ги опишуваат причините за нивното создавање.
Храмот Фенгксиан Храмот е изграден за династијата Танг, и е најголема пештера во Лунгмен со висина од 36 метри и должина од 41 метар. На него се издлабени девет главни фигури со различни изрази на лицето во согласност со будистичкиот ритуал и однос на уметникот.
Најпозната е статуата Ваирокана Буда која седи со скрстени нозе на октагонален лотос трон. Тој е висок 17,14 метри, со глава висока четири метри. Ваирокана во Сутра значи „осветлување на сите нешта“. Ликот на Буда е исполнет со благост, а неговата елегантна насмевка е љубезна и света. Според натписот на епиграфот, царицата Ву Цетјен, заедно со нејзините слуги, учествувала во „церемонијата на воведување на светлината“ (будистички благослов со кој Буда ја отвора духовната светлина што ја споделува со другите).
Од двете страни на Ваирокана стојат две статуи на неговите ученици, Касјапа и Ананда, кои на лицата имаат мудри и побожни изрази. Во храмот се наоѓаат и фигури на бодисатви и деви. Некои имаат достоинствени и замислени изрази, додека други се величествени и огнени.
Пештерата Ванфо (Три Бинјанг пештери) Пештерата Ванфо од 680 година (династија Танг) се состои од две простории со квадратни рамни покриви. Името го добила по 15.000 статуи на Буда врежани во јужните и северните ѕидови на пештерата. Главниот Амида Буда седи на лотос престол и има сериозно и свечено лице. Ѕидот зад Амидо е украсен со 54 лотоси на кои има 54 бодисатви во различни пози и со различни изрази на лицето. Покрај тоа, на ѕидот има верни релјефи на шармантни пејачи и танчери. Пејачите се претставени со различни инструменти, а танчерите како танцуваат лесно и грациозно на музиката. Целиот амбиент во пештерата создава жива и весела атмосфера. На јужниот ѕид надвор од пештерата е издлабена статуа на Кван-Јин висока 85 см, држејќи проѕирно шише во левата рака и опашка од елен (како симбол на чистење на духот) во десната.
Наводи
Поврзано
Службена страница Aрхивирано 2010-12-02 na Wayback Machine Фотографии Архивирано 2017-05-15 на Wayback Machine
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Кина Категорија:Кинеска уметност Категорија:Светско наследство во Кина Категорија:Будизам во Кина