Морбиус () — американски суперхеројски филм од 2022 г. заснован на стриповите на Marvel за Морбиус. Во режија на Даниел Еспиноса, улогата на д-р Мајкл Морбиус ја толкува Џаред Лето. Покрај него, во филмот играат и Мет Смит, Адрија Архона, Џаред Харис, Ал Мадригал и Тајрис Гибсон. Тоа е третиот филм од медиумската франшиза на „Вселената на Човек-пајак од Sony“. Во приказната, д-р Мајкл Морбиус и неговиот сурогатен брат Мајло (Смит) стануваат вампири откако ќе се излечат од ретка крвна болест.
Премиерата на филмот во САД била на 1 април 2022 г. Требало првично да се одржи во јули 2020 г., но датумот постојано бил одложуван поради пандемијата КОВИД-19. Во Македонија, премиерата била на 31 март 2022 г.
Содржина Страдајќи од ретко генетско нарушување на крвта, научникот нобеловец д-р Мајкл Морбиус знае дека му останува уште малку време. И по долгогодишни неплодни обиди да се најде лек, Морбиус сега е без можности. Но оваа смртоносна состојба го мачи уште од детството и сега не може да си дозволи да престане. Додека очајниот Морбиус одлучува да го ризикува својот живот за да постигне резултати, нестабилен и многу експериментален серум нуди решение за проблемот. Меѓутоа, што се случува ако лекот е полош од болеста?
Улоги ГлумецУлогаЏаред Летод-р Мајкл МорбиусМет СмитЛусијан / МајлоАдрија АрхонаМартина БанкрофтЏаред Харисд-р Емил НиколасАл МадригалАлберто „Ал” РодригесТајрис ГибсонСајмон СтраудМајкл КитонЕјдријан Тумс / Мршојадот
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2022 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски акциони филмови