Железна пагода (кинески: 鐵塔) во будистичкиот Храм на небото (кинески: 佑國寺) во градот Каифенг, провинција Хенан — будистичка кинеска пагода која била изградена во 1049 година за време на владеењето на династијата Сунг (960 - 1279 год.). Оваа сакрална градба, во облик на кула, била изградена од тули на местото на претходната дрвена пагода, која изгорела во 1048 година во голем пожар.

Пагодата била наречена така не затоа што е направена од железо, туку затоа што нејзината боја, гледана од далечина, е слична на бојата на железото. Се смета за едно од ремек-делата на архитектурата на династијата Сунг.

Историја Во главниот град на династијата Сунг, Каифенг, познатиот архитект Ју Хао изградил прекрасна октагонална дрвена пагода со тринаесет ката како дел од Небесниот храм (помеѓу 965 и 955 год. н.е.), . кој многу од неговите современици го сметале за чудо на сакрална архитектура.

Откако пагодата изгорела во 1044 година во пожар предизвикан од удар на гром, по наредба на императорот Ренцонг (1022 - 1063 год.), пет години подоцна, била изградена нова пагода во истата област. Овој пат пагодата била изградена од незапаливи кафеави, сини и зелени глазирани тули и камен и била наречена „Железна пагода“ поради нејзината железно-сива боја кога се гледа од далечина.

По 1847 година Жолтата река се излеала од своите корита и уништила многу згради во Храмот на Небото, но Железната пагода преживеала. Од своето создавање до денес по речиси 1000 години, пагодата преживеала 38 земјотреси, шест поплави и многу други катастрофи.

Во 1994 год. Железната пагода послужила како мотив за јубилејната поштенска марка од два јуани.

Изглед Железната пагода е осмоаголана зграда висока 56,88 метри и 13 ката. Изграден е од печени тули со внатрешно спирално камено скалило и надворешни отвори кои овозможуваат светлина и воздух да навлезат во внатрешноста на пагодата.

Архитектонскиот стил на пагода се карактеризира со густо позициониран традиционален кинески, јапонски и корејски архитектонски елемент со доугун на крајните рабови или настрешници на секој кат на пагодата (обично се користи во изградбата на јавни и свети згради и чија употреба во помали згради и станбени куќи не била дозволена) и со повеќе лоѓи.

Надворешноста на зградата е украсена со повеќе од педесет различни украси од декорирана теракота и 1.600 преплети со богати резби, вклучувајќи фигури на Буда, монаси, пејачи и танчери кои стојат и седат, цвеќиња, лавови, змејови и други легендарни ѕверови и многу фини украсни гравури. Под стреата има 104 ѕвона кои бијат на ветрот. Основата на пагодата лежи во калта на Жолтата Река. Во внатрешноста на железната пагода има голем број на фрески со мотиви од класичните кинески приказни, како на пр. мотив од расказот Патување на запад. Декоративни детали од Железната пагодаВратите, прозорците, столбовите, потпорите, покривите и балконите од надворешната страна на пагодата се направени од дрво и вградени во дваесет и осум стандардни компоненти од глазирани тули, што ја прави пагодата најстар и најголем артефакт од глазирани тули и плочки во Кина. .

Пагодата има врати од четири страни, но верниците можат да пристапат до неа само по камени скали.

Наводи

Надворешни врски Железна пагода во Ctrip Железна пагода во CRIENGLISH

Категорија:Згради и градби во Кина Категорија:Будистички храмови Категорија:Будизмот во Кина