Роти (познат и како чапати) е тркалезен леб што потекнува од индискиот потконтинент. Се консумира во многу земји од Јужна Азија, Југоисточна Азија, Карибите и Југоисточна Африка .
Се прави од интегрално брашно мелено на камен, традиционално познато како „геху ка ата“, замесено со вода во тесто. Негова карактеристика е што е бесквасен леб. Наан, сличена на него, исто така од индискиот потконтинент, се разликува по тоа што е замесен со квасец, исто како и кулча. Како и лебовите ширум светот, ротито е основен додаток на друга храна. Wrigley, C.W.; Corke, H.; Seetharaman, K.; Faubion, J. (2015).
Етимологија Зборот роти е изведен од санскритскиот збор roṭikā, што значи „леб“.
Видови
Маки роти: роти од пченкарно брашно послужено со сарсон ка сааг, класично јадење од Пенџаб. Аки роти: Роти од оризово брашно со рендан зеленчук и зачини, послужени со чатни, познато јадење на Карнатака . Талипет роти: Махараштриското роти се прави со бајра, џовар, ориз, наут и зачини, послужени со јогурт или ги, исто така популарни во Карнатака. Миси роти: Раџастански роти слично на чапати со додадени зачини како црвено чили, ким и куркума, послужено со сос или зеленчук. Куту роти: роти од хељдино брашно со компири, без глутен и е вообичаено за време на постот на Навратри. Парата: роти од пченично брашно, обичен или полнет со различен зеленчук како компири, карфиол или панир, сервиран со путер, урда или самостојно. Румали роти: Тенки, меки роти кои се преклопуваат како шамиче, популарни во кујната Авади, Муглаи и Хајдерабади, најдобро се служи со сос. Гур роти: Роти од интегрално пченично брашно со џагери, познати како мети роти (сладок роти).
Подготовка Роти се прави од брашно, вода и по желба сол и путер или масло. Се мешаат за да се добие тесто кое се остава да одмори. Тестото потоа се дели на топчиња кои се сукаат со сукало за да се формира круг. Ротито потоа се пече на тава.
Варијанти
Роти во светот Има бројни продавници за роти во Тринидад и Тобаго, Гвајана, Суринам, Јамајка, Соединетите Држави, Канада, Обединетото Кралство и Холандија. Поради значаен број на имигранти во Канада од Јужна Азија и од Карибите, ротито и неговите варијанти се популарни таму. Како што Индо-карипските луѓе се преселуваа во северноамерикански градови како Торонто, Њујорк, Мајами, Лос Анџелес и Монтреал, тие со себе ја носеа домашната верзија на роти. Посебна понуда во Торонто е „Источно индиско роти“, варијација на полнетото роти од Западните Индија. Во некои од овие култури, ротито се користи и наместо пита леб при правење бурито, кесадиља или за било какви други видови на завиткувања.
Наводи
Категорија:Вегетаријанска кујна Категорија:Индиска кујна Категорија:Леб Категорија:Индиски леб