мини|332x332пкс| Тикамси на слика од 1848 година на Бенсон Лосинг врз основа на цртеж од 1808 година. Тикамси (, околу 1768-1813), поглавар на индијанското племе Шони, водач на индијанската племенска конфедерација во истоимената војна против САД.

Биографија По избувнувањето на војната на Понтијак (1763-1766), британската влада во 1763 година го забранила населувањето на американските колонисти западно од Апалачките планини. Сепак, после основањето на САД по Американската војна за независност (1776-1781) започнал бран на неограничено населување на западните територии населени со индијански племиња. Со цел да се запре навлегувањето на белите доселеници Тикамси, поглаварот на племето Шони, работел околу 16 години за да ги обедини сите индијански племиња во областа Охајо, Индијана и Илиноис и да создаде единствена индијанска држава. По поразот на индијанските сили, кои на 7 ноември 1811 година ги нападнале и ги разбиле американските трупи на генералот Вилијам Харисон на реката Типекануа, Тикамси побегнал во Канада. Британците во 1812 година, го унапредиле со чин бригаден генерал и го поставиле на чело на индијанската армија во војната против САД (Англо-американска војна 1812-1815).

Наводи

Категорија:Индијански водачи Категорија:Починати во 1813 година Категорија:Родени во 1768 година