Кодру Мушат — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во падините на планината Пајак, околу 1 км западно од селото Баровица.
Историја Кодру Мушат најверојатно било мало влашко село кое се распаднало пред основањето на Баровица. Според сознанијата на Тодор Симовски, кон крајот на XX век сѐ уште постоеле видливи остатоци од некогашни градби.
Наводи
Категорија:Историски села во Пајонија (општина)