ФК Челтенам Таун — англиски фудбалски клуб, од градот Челтенам, Глостершир. Моментално се натпреварува во Лига Два, четвртото ниво на англискиот фудбал.
Основан во 1887 година, клубот поминал голем дел од својата рана историја натпреварувајќи се во локалните фудбалски кругови, пред да се пресели во Бирмингемската комбинација во 1932 година и потоа во Јужната лига во 1935 година. Тие ги поминале следните 50 години во Јужната лига, освојувајќи ја Мидленд дивизијата во 1982-1983 и потоа освојувајќи ја титулата во Премиер дивизијата во 1984-1985. Потоа биле промовирани во Алијанс Премиер лигата во 1985 година, каде што останале седум сезони додека не испаднале во 1992 година. Тие завршиле како второпласирани во Премиер дивизијата на Јужната лига во четири од следните пет сезони, пред конечно да изборат промоција во Конференција во 1997 година.
Под раководство на Стив Котерил, Челтенам го освоил Трофејот на фудбалската лига во 1998 година, а потоа обезбедил промоција во фудбалската лига, за првпат откако ја освоиле титулата во Конференцијата во сезоната 1998–1999. Во 2002 година, клубот за првпат во својата историја се искачил до третото ниво на англискиот фудбал, после победата во финалето на плејофот за промоција над Рашден енд Дајмондс. Сепак, престојот на клубот таму траел многу кратко, затоа што по само една сезона клубот се вратил во четрвтото ниво. По години меѓу третата и четвртата лига, во 2015 година, Челтенам по цели 16 години испаднал од фудбалската лига. Тие експресно се вратиле во истата, освојувајќи ја титулата во Националната лига (старата Конференција) со 101 освоен бод во сезоната 2015-2016. Во сезоната 2020-2021, Челтенам одново се вратил во третото ниво, освојувајќи ја титулата во Лига Два, но три години подоцна тие испаднале од таму.
Својте домашни натпревари клубот ги игра на Вадон Роуд, уште од 1932. Клубот има соперништва со Глостер Сити, Херефорд Јунајтед и од скоро со Форест Грин Роверс.
Историја Челтенам има долга фудбалска историја, уште пред официјално да биде основан клубот. Во 1849 година, во градот била забележана првата употреба на тројца официјални судии на натпревар, двајца на терен и еден на трибина. Сепак, модерниот клуб Челтенам Таун бил основан во 1887 година од Алберт Клоус Вајт, локален учител.
Клубот ги помина своите први три децении играјќи во локалниот фудбал. Меѓу позначајните играчи од тие денови биле поранешниот англиски репрезентативец Филип Бах, и крикет играчите Гилберт Џесоп и браќата Чарлс Барнет и Едгар Барнет.
Во декември 1931 година клубот се преселил на денешниот стадион Вадон Роуд и станал полупрофесионален во сезоната 1932-1933, придружувајќи се на Бирмингемската комбинација притоа прифаќајќи нови бои на црвено-бели дресови во риги, црни шорцеви и црвено-бели чорапи. Поранешниот англиски репрезентативец Џорџ Блекбурн бил назначен за тренер-играч, и го водел тимот до третото место во дебитантската сезона. Следната година клубот влегол во ФА Купот, каде имале патување од десет натпревари до третото коло пред да загубат од Блекпул пред рекордна посетеност на Атлетик Граунд во Челтенам. По разочарувачката сезона 1934-1935, осветлена само со освојувањето на Лемингтон купот и откривањето и продажбата на централниот напаѓач Џејмс Куриер во Болтон Вондерерс, клубот аплицирал за членство и биле примени да се приклучат на Јужната лига за сезоната 1935–1936.
Играчи Моментален состав
Статистика Учества во првенства Заклучно со сезоната 2024-2025 клубот се натпреварувал во следниве првенства: Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно3º Втора дивизија / Лига Еден 7 2002-2003 2023-2024 74º Јужна лига / Трета дивизија / Лига Два 18 1999-2000 2024-2025 385º Јужна лига Премиер дивизија / Конференција / Национална лига 21 1958-1959 2015-2016 216º Јужна лига Прва дивизија 20 1962-1963 1996-1997 207º Јужна лига - Дивизија Мидлендс 1 1982-1983 1982-1983 1
Наводи
Надворешни врски Матична страница Челтенам Таун на Soccerbase Челтенам Таун на Transfermarkt
Челтенам Таун