Кирнан Бренан Шипка (англ. Kiernan Brennan Shipka; родена на 10 ноември 1999 година) ― американска глумица. Најпозната е по улогите на Сали Дрејпер во драмската серија Момците од Медисон (англ. Mad Men (2007–2015)) и Сабрина Спелман во Нетфликсовата серија Морничавите авантури на Сабрина (англ. Chilling Adventures of Sabrina (2018–2020)).

Кирнан Шипка, исто така, глумела и во филмовите: Carriers (2009), Цвеќиња на таванот (Flowers in the Attic (2014)) и Февруари (англ. The Blackcoat's Daughter (2015)) и Тотален убиец (2023), како и телевизиската минисерија Феуд: Бете и Џоан (2017). Во 2024 година глумела во филмовите: Торнадо 2 (англ. Twisters), Лонглегс, Црвениот, Sweethearts и Последната шоу-девојка.

Животопис Кирнан Шипка е родена на 10 ноември 1999 година во Чикаго. На петгодишна возраст почнала да оди на часови по танцување. Кога имала шест години, нејзиното семејство се преселило во Лос Анџелес за да ѝ помогне во нејзината филмска кариера.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1999 година Категорија:Американски гласовни глумици Категорија:Американски телевизиски глумици Категорија:Американски филмски глумици Категорија:Глумци од Чикаго