Меѓународниот ден на светлината се слави секоја година на 16 мај. Неговата цел, според УНЕСКО, е да ја зајакне соработката и да го искористи нејзиниот потенцијал за поттикнување на мирот и развојот. Технологиите засновани на светлина играат голема улога во образованието, науката, уметноста, културата, одржливиот развој, комуникациите, енергијата и медицината. Годишната прослава е организирана од УНЕСКО.
Историја Првата прослава на Меѓународниот ден на светлината било организирана од УНЕСКО на 16 мај 2018 година, на годишнината од датумот во 1960 година кога инженерот и физичар Теодор Мајман успешно добил осцилација и излез од првиот ласер.
Меѓународниот ден на светлината следел по Меѓународната година на светлината во 2015 година. Денот бил предложен од Гана, Мексико, Нов Зеланд и Руската Федерација, а бил поддржан од Извршниот одбор на УНЕСКО. Генералната конференција на УНЕСКО го одобрила предлогот во ноември 2017 година.
Цел Проучувањето на светлината и технологиите засновани на светлината ни помогнало да го трансформираме нашиот свет на извонредни начини. Технологиите засновани на светлина вклучуваат микроскопи, машини за рендген, телескопи, камери, електрични светла и телевизиски екрани. Меѓународниот ден на светлината има за цел да ја промовира научната соработка и да го искористи потенцијалот на науката за промовирање на мирот и одржливиот развој.
Наводи
Категорија:Празници во мај Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации Категорија:УНЕСКО