мини|Поглед на посебниот природен резерват Лисина Природниот резерват Лисина е посебен природен резерват кој припаѓа на Република Српска, основан во 2011 година.

Карактеристики Заштитеното подрачје опфаќа 560 хектари на територијата на општина Мркоњиќ Град. На територијата на резерватот се протега и истоимената планина, а главната вредност е извонредната разновидност на печурки. Со цел да се популаризира одгледувањето на печурки како корисна стопанска и туристичка гранка, Здружението на одгледувачи на печурки и љубители на природата Мркоњиќ ја организира манифестацијата „Денови на печурки“, која е единствена на територијата на Република Српска и БиХ, но и пошироко.

Благодарејќи на неговата геолошка структура, природниот резерват се карактеризира со голема биолошка разновидност на растителни и животински видови. Во претходните истражувања се откриени и опишани над 1.000 растителни видови, околу 1.500 видови габи, пет видови риби, по десетина видови водоземци и влекачи, 29 видови цицачи и 107 видови птици. Пронајдени се и околу 360 извори на питка вода, кои претставуваат значителни водни ресурси во локалните подрачја.

Лисина е единствена и по тоа што на надморска височина од 1.250 метри извира и тече Шибовљанска река. Во подножјето на највисокиот врв од 1.464 метри, се наоѓа и селото Шибови .

Наводи

Литература

Одлука за претходна заштита на посебениот природен резерват „Лисина“ (СГ РС бр. 85/11)

Надворешни врски

Републички завод за заштита на културно-историското и природното наследство Категорија:Природни добра на Република Српска Категорија:Споменици на природата во Република Српска