Имидаклоприд е системски инсектицид кој припаѓа на класата неоникотиноиди кои делуваат на централниот нервен систем кај инсектите. Дејствува така што го попречува преносот на стимули во нервниот систем на инсектите. Поточно, предизвикува блокада на никотинергичниот невронски пат. Со блокирање на никотинските ацетилхолински рецептори, имидаклопридот го спречува ацетилхолинот да пренесува импулси помеѓу нервите, што резултира со парализа и евентуално смрт на инсектот. Ефикасен е и преку контакт. Бидејќи имидаклопридот поцврсто се врзува за рецепторите кај инсектите, отколку кај цицачите, овој инсектицид е повеќе токсичен за инсектите, отколку за цицачите.

Од 1999 до околу , имидаклопридот бил најкористен инсектицид во светот. Иако повеќе нема патентна заштита, главен производител е Bayer CropScience (дел од Bayer AG).

Преглед на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) од 2018 заклучи дека употребата на неоникотиноиди во кои спаѓа и имидаклопридот во повеќето случаи претставува ризик за дивите пчели и медоносните пчели. Пестицидот е забранет за секаква употреба на отворено во целата Европска Унија од 2018, но има делумно одобрение во САД и во некои други земји. Сè уште останува во широка употреба во другите поголеми делови од светот.

Наводи

Категорија:Инсектициди