Рождество на Пресвета Богородица — главна манастирска црква на Клиновскиот манастир во кавадаречкото село Клиново, Македонија.
Местоположбата
Црквата се наоѓа во некогашното село Клиново, сместена во непосредна близина на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“.
Историја
Според натпис над главниот влез се дознава дека црквата започнала да се гради во 2004 година и била завршена во 2007 година. Била осветена на 21 септември 2007 година. Нејзин ктитор бил Стефан Милков од Кавадарци, заедно со месната заедница на селото Клиново.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис кој го изработил Атанас Ташовски од Кавадарци.
Иконостас и икони
Храмот поседува иконостас, чии икони ги изработил исто така Атанас Ташовски.
Галерија
Поврзано Клиново Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво Ваташка парохија
Надворешни врски
Клиново Категорија:Клиновски манастир