Живи мртовци: Мртов град () — американска постапокалиптична ТВ-драма на ужасите создадена од Ели Џорне за AMC и заснована на ликовите Меги и Ниган од стрип-серијалот „Живи мртовци“. Тоа е првото продолжение на ТВ-серијата „Живи мртовци“ и петтиот дел од франшизата „Живи мртовци“ за да се одржи постојаноста со другите телевизиски серии. Џорне служи како главен продуцент.

Лорен Кохан и Џефри Дин Морган повторно ги играат своите улоги како Меги и Ниган од изворната телевизиска серија. Главните улоги ги толкуваат и Гај Чарлс, Жељко Иванек и Махина Наполеон. Развојот на серијата започнал во март 2022 г. Работниот наслов на серијата, „Остров на мртвите“, бил променет во август истата година. Дополнителните членови на глумечкиот состав биле објавени во октомври и ноември 2022 г. Главното снимање започнало во јули 2022 г. во Њу Џерси и завршило во октомври 2022 г.

Првата сезона од серијата се состоела од шест епизоди и била објавена на 18 јуни 2023 г. Во јули 2023 г., било објавено обновување за втора сезона.

Содржина Серијата ги следи Меги и Ниган додека патуваат низ постапокалиптичен Менхетн, одвоен од копното, во потрага по грабнатиот син на Меги, Хершел. Уништениот град е полн со мртовци и жители што го направиле Њујорк свој свет, полн со анархија, опасност, убавина и ужас.

Улоги

Главни улоги Лорен Кохан како Меги Грин. Вдовицата на Глен, порано дел од групата на Рик Грајмс во „Живи мртовци“. Таа е и водач на Колонијата Хилтоп, заедница на преживеаници што се преселиле од Вирџинија во Њујорк.

Џефри Дин Морган како Ниган. Поранешниот водач на Спасителите, кој ја напуштил Заедницата со својата бремена сопруга за да започне семеен живот по настаните во „Живи мртовци“.

Гај Чарлс како Перли Армстронг. Тој е маршал на Нововавилонската Федерација, мрежа на преживеани заедници во Њујорк со задача да го следат Ниган.

Жељко Иванек како „Хрватот“. По потекло од Хрватска, па оттука и неговиот прекар, Хрватот е жесток поранешен член на Спасителите, кој го грабнал синот на Меги, Хершел. Тој е и водач на „Бурази“ (мак. Браќата), група непријателски преживеаници што ја презеле контролата над Менхетн.

Махина Наполеон како Џини: Млада девојка со мутизам што завршува под грижата на Ниган по трауматската смрт на нејзиниот татко. Подоцна се открива дека нејзиниот татко бил еден од мажите за кого Ниган објавил потера.

Второстепени улоги Логан Ким како Хершел Ри: тинејџерскиот син на Меги и Глен. Ким го заменува глумецот Кин Мајкл Спилер, кој претходно го толкувал Хершел во „Живи мртовци“.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на англиски јазик Категорија:Американски телевизиски серии