мини|194x194пкс|Турска ангорска мачка Турска ангорска мачка или ангорска мачка ( ) е многу стара полудолго влакнеста раса на домашна мачка, со потекло од централна Турција (Анкара).

Расата е донесена од Ангора (денешна Анкара) во Франција во 17 век. Таа го потиснала навлегувањето на персиската мачка од изложбата.

Телото на турската ангорска мачка е долго, што е сличност со ориенталните раси. Влакното и е полудолго,свиленкасто, со малку подвлакна и е претежно со бела боја (со друга боја не се признаваат на изложби). Очите можат да бидат жолти, сини или разнобојни. Ушите се поставени високо на главата, која е клинеста по облик со малку заоблено чело.

Оваа раса има мирен темперамент, поради што го добила прекарот аристократ меѓу мачките.Приврзана е со луѓето, но најчесто бира еден член од семејството за постојан придружник и кон него е многу протективна.

Галерија

Наводи

Поврзано

Турска ван мачка

Литература

Т. Дамњановиќ, Мачка, БМГ, Белград, 1996 г.

Категорија:Мачешки раси