мини|200x200пкс|Јагуарунди, црвеникава варијанта мини|256x256пкс|Јагуарунди, сива варијанта Јагуарунди ( ) е вид на цицач од семејството на мачки.

Јагуарунди има кратки нозе и долга опашка. Должина на телото е 65 цм,а на опашката е 45 цм. Во однос на бојата, јагуарунди може да биде со сива или црвенкаста боја. Поради тоа, порано се сметале како два одвоени вида, од кои само сивите примероци биле сметани за јагуарунди.

Распространетост Живеалиштето на јагуарунди опфаќа голем број земји во Јужна и Средна Америка.

Видот го има во Бразил, Аргентина, Мексико, Колумбија, Парагвај, Венецуела, Перу, Еквадор, Боливија, Панама, Никарагва, Костарика, Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор, Белизе, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана .

Видот можеби е исчезнат во САД, а неговото присуство е непотврдено во Уругвај.

Живеалиште Живеалишта на видот се шуми, мочуришта, савани, подрачја со тревна вегетација и пустини.

Загрозеност Овој вид не е загрозен поради тоа што има широка распространетост.

Наводи

Литература

црвена листа на загрозени видови, подетални информации за видот (језик: англиски)

Категорија:Цицачи на Јужна Америка Категорија:Фауна на Средна Америка Категорија:Цицачи на Северна Америка Категорија:Незагрозени видови според МСЗП