Ломбардите или Лонгобардите () биле германско племе . "The Lombards, also known as the Longobards, were a Germanic tribe whose fabled origins lay in the barbarian realm of Scandinavia." . "Lombards, or Langobardi, a Germanic group..." . "Lombards... a west-Germanic people..." . "Lombards (Lombard). Germanic people..." . "Lombards, A people of Germanic origin, conquerors of part of Italy from 568." кои го освоиле поголемиот дел од Апенинскиот Полуостров помеѓу 568 и 774 година.
Средновековниот ломбардиски хроничар Павле Ѓакон во својата Историја на Ломбардите (напишана помеѓу 787 и 796) запишал дека Ломбардите потекнуваат од мало племе наречено Винили,: "From Proto-Germanic winna-, meaning "to fight, win" кое живеело во северна Германија пред да мигрираат во нови земји. Постарите историчари од римско време пишуваат дека во првиот век Ломбардите биле дел од Свевите, кои исто така живееле во северна Германија, во близина на реката Елба. Тие мигрирале на југ, и до крајот на петтиот век, Ломбардите живееле на територија која приближно се совпаѓа со денешна Австрија и Словачка, северно од Дунав. Тука, тие ги покориле Херулите, а подоцна воделе чести војни со Гепидите. Ломбардскиот крал Аудоин го победил гепидскиот водач Туризинд во 551 или 552 година, а неговиот наследник, Албоин на крајот ги уништил Гепидите во 567 година.
После победата на Албоин над Гепидите, тој го предводел својот народ во североисточна Италија, која останала значајно денаселена и опустошена од долгата Готска војна (535–554) помеѓу Византиското и Остроготското Кралство. Кон Ломбардите се придружиле и бројни Саси, Херули, Гепиди, Булгари, Туринги и Остроготи, а нивната инвазија на Италија била речиси без противење. До крајот на 569, тие ја освоиле цела северна Италија и поголемите градови северно од реката По, со исклучок на Павија, која паднала во 572 година. Во исто време, тие зазеле области во централна и јужна Италија. Тие го основале Ломбардското Кралство во северна и централна Италија, кое го достигнало својот зенит под владетелот Лиутпранд во осмиот век. Во 774, кралството било освоено од франскиот крал Карло Велики и било интегрирано во Франската Империја. Сепак, Ломбардите благородници продолжиле да владеат со јужните делови на Апенинскиот Полуостров и до единаесеттиот век, кога биле освоени од Норманите. Оставината на Ломбардите е очигледна и во имета на регионот Ломбардија во северна Италија.
Наводи
Категорија:Лангобарди Категорија:Германски племиња Категорија:Голема преселба на народите Категорија:Свеви