мини| Портрет на кој се прикажани Пино и Пиа Млакар.

Пино Млакар (2 март 1907, Ново Место – 30 септември 2006) бил словенечки балетан, кореограф и учител. Тој бил роден во Ново Место.

Во 1927 г. дипломирал на Кореографскиот институт Рудолф Лабан. Бил член на Љубљанската опера и балет од 1946 до 1960 година. 25 години бил професор на Академијата за театар, радио, филм и телевизија (AGRFT) на Универзитетот во Љубљана.

Оженет бил со колешката кореограф Марија Луиза Пиа Беатрис Шолц (1910–2000) која била професионално позната како Пиа Млакар. Нивната ќерка Вероника Млакар исто така била балерина.

Починал во Ново Место.

Надворешни врски

Некролог (1 октомври 2006) „Umrl Pino Mlakar“ 24ur Ljubljana на словенечки, последен пат пристапено на 9 мај 2007г.

Категорија:Добитници на Прешерновата награда Категорија:Луѓе од Ново Место Категорија:Починати во 2006 година Категорија:Родени во 1907 година Категорија:Балетани