Фудбалската репрезентација на Мексико го претставува Мексико на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Мексико. Таа е членка на ФИФА од 1929 година и се натпреварува како член на КОНКАКАФ конфедерацијатата од 1961 година, како еден од нејзините основачки членови. Од 1946 до 1961 година, таа била член на НАФК, која била конфедерација претходник на КОНКАКАФ и управното тело на фудбалот во Северна Америка во тој период, а исто така била член и на ПФК, обид за обединета конфедерација на Америка.
Досега, Мексико се квалификувал на седумнаесет Светски првенства и се квалификувал на секое последователно од 1994 година, што го прави една од само шестте земји што успеале да го сторат тоа. Мексико, исто така, го одиграле првиот натпревар во историјата на Мундијалите на 13 јули 1930 година, губејќи со 4-1 од Франција на отворањето на првото првенство. Најдобриот пласман на Светските првенства на Мексико е четвртфиналето до кое стигнале во 1970 и на 1986 година, и на двете како домаќин. Тие, исто така, ќе бидат домаќини, по трет пат, на Светското првенство 2026.
Мексико е историски најуспешната репрезентација во својата конфедерација, освојувајќи 13 континентални титули на КОНКАКАФ, во кои се вбројуваат 12 КОНКАКАФ првенства/КОНКАКАФ Голд купа и еден КОНКАКАФ куп. Исто така, двапати го освоиле НАФК првенството, еден Куп на северноамериканските нации и два златни медали на игрите на Средна Америка и Карибите. Таа е една од осумте репрезентации кои освоиле две од трите најважни светски фудбалски натпреварувања кои се признати и одобрени од ФИФА (Светско првенство, Куп на конфедерации и Олимпискиот фудбалски турнир), откако го освоиле Купот на конфедерации 1999 и Олимпискиот турнир во 2012 година.
Иако Мексико е под јурисдикција на КОНКАКАФ, репрезентацијата била поканета во 1993 година да учествува на Копа Америка, кое е главното континентално натпреварување на КОНМЕБОЛ (конфедерацијата на Јужна Америка), и оттогаш редовно учествуваат. На Копа Америка освоиле две втори места (1993 и 2001) и уште три пати го освоиле третото место.
Историја Почетоци Фудбалот во Мексико првпат бил организиран на почетокот на 20 век од европски имигрантски групи, особено рудари од Корнвол, Англија, а во подоцнежните години и од прогонети шпанци кои бегале од Шпанската граѓанска војна.
Првиот натпревар на репрезентацијата бил одигран на 9 декември 1923 година, на Parque España во Град Мексико, победувајќи ја Гватемала со 2–1, што бил првиот натпревар од серијата меѓународни пријателски натпревари одиграни против Гватемала. Вториот натпревар одигран на 12 декември го добил Мексико со 2–0, а последниот натпревар од серијата, одигран на 16 декември, завршил нерешено 3–3. Селектор на овој тим бил Рафаел Гарса Гутиерес.
Поминале уште четири години пред репрезентацијата да одигра некој друг меѓународен пријателски натпревар. Мексико се соочил со Шпанија, ремизирајќи 3–3 на 19 јуни 1927 година. За време на оваа серија, тимот играл и против клубови како Насионал Монтевидео, од кого загубиле со 1–3.
Формирање и првите настапи на меѓународни натпреварувања Во 1927 година, било основано првото официјално владејачко тело во Мексико. Олимписки фудбалски турнир 1928 било првото официјално меѓународно натпреварување на Мексико, каде што тие загубиле од Шпанија со 1–7 во осминафиналето.
Потоа, Мексико учествувале на инаугуративното Светско првенство 1930 во Уругвај, каде се нашле во група со Аргентина, Чиле и Франција. Токму тие и го отвориле ова првенство, нешто што мексиканците ги направило особено горди е токму тоа што учествувале во првиот натпревар во историјата на Светските првенства, иако со пораз од 4-1 од Франција, во кој првиот гол за Мексико на Светските првенства го постигнал Хуан Карењо. Во нивниот втор натпревар, Мексико загубиле од Чиле со 3-0. Третиот натпревар на Мексико, против Аргентина, донел повеќе возбудувања, а мексиканците го добиле првиот досуден пенал на турнирот кој бил реализиран од Мануел Росас, иако Мексико подоцна го загубиле овој натпревар со резултат 6–3.
По Втората светска војна
Мексико не учествувал на друго Светско првенство до 1950. И покрај тоа, што бил најсилниот тим во Северноамериканската фудбалска конфедерација и потоа во нејзиниот наследник, КОНКАКАФ, Мексико се мачел да има поголемо влијание на Светските првенства пред 1970 година и му било тешко да се натпреварува против екипите од Европа и Јужна Америка. Сепак, овој период донел еден рекорд на голманот Антонио Карбахал, кој станал првиот играч кој се појавил на пет последователни Светски првенства.
Во 1965 година, Мексико го освоил КОНКАКАФ првенството 1965, со што за првпат станал континентален шампион.
Мексико бил домаќин на Светското првенство 1970 и го започнал турнирот со реми без голови против Советскиот Сојуз, проследено со победа од 4–0 над Ел Салвадор. Мексико се пласирал во следната рунда со победа против Белгија, а во четвртфиналето, тие биле елиминирани од Италија, губејќи со 4–1.
Мексико не успеал да се квалификува за Светското првенство 1974 во Западна Германија, но успеале во 1978, каде сепак искуството траело кратко откако претрпеле три порази: 0–6 од Западна Германија, 1–3 од Тунис и со идентичен резултат од Полска. Последователно, Мексико не успеа да се квалификува за Светско првенство 1982.
Во 1986 година, Мексико по втор пат бил домаќин на Светско првенство. Под водството на Бора Милутиновиќ, Мексико бил сместен во групата Б каде ја совладале Белгија со 2–1, ремизирале 1–1 со Парагвај и го совладале Ирак 1–0. Со освојувањето на првото место во својата група Мексико се пласирале во следната рунда каде што ја совладале Бугарија со 2–0. Во четвртфиналето, Мексико загубиле од Западна Германија со 1–4 по изведување пенали, откако натпреварот завршил без голови 0–0. Со тоа, го изедначиле најдобриот нивен резултат од пред 14 години кога исто така биле домаќини.
1990-тите Мексико биле дисквалификувани од Светското првенство 1990 (и останатите меѓународни натпреварувања) откако користеле играчи над пропишаната возраст за време на квалификациите за Светското младинско првенство 1989, познато како "Cachirules" скандал. Казната се применувала на сите национални претставници на Мексико на сите турнири откако државата била санкционирана од ФИФА.
Во 90-тите години, откако го ангажирале селекторот Сесар Луис Меноти, мексиканскиот фудбал започна да доживува поголем меѓународен успех. На Копа Америка 1993 тие го освоиле второто место, губејќи го финалето од Аргентина со 2-1. На Светското првенство 1994 во САД, Мексико ја освоил својата група, завршувајќи пред Италија, Ирска и Норвешка. Сепак, Мексико загубил во осминафиналето од Бугарија на пенали.
На Светското првенство 1998, Мексико бил сместен во група со Холандија, Јужна Кореја и Белгија. Мексико го добил својот почетен натпревар со 3-1 против Јужна Кореја, а потоа стигнале два гола негатива против Белгија во ремито 2-2, за на крајот против Холандија да одиграат со истиот резултат, квалификувајќи се за нокаут-фазата како втори во својата група со 5 бода колку што имала и првопласираната Холандија. Во осминафиналето, Мексико загубил со 2-1 од Германија, иако први постигнале гол преку нивниот најдобар стрелец на турнирот (со 4 гола) Луис Ернандес.
Во 1999 година, Мексико го освоиле нивниот прв официјален меѓународен турнир организиран од ФИФА, станувајќи првата земја-домаќин која го освоила Купот на конфедерации, победувајќи го Бразил со 4–3 во финалето.
Играчи Моментален состав Составот на Мексико на Копа Америка 2024.
Рекордери Играчи со најмногу настапи
МестоИграчНастапиГоловиРеп. кариера1Андрес Гуардадо180282Клаудио Суарес17771992–20063Гиљермо Очоа15102005–денес4Рафаел Маркес147171997–20185Павел Пардо146111996–20096Герардо Торадо14451999–20137Ектро Морено13252007–20238Хорхе Кампос12901991–20039Карлос Салсидо123102004–201410Куаутемок Бланко120381995–201411Рамон Рамирес119151991–2000
Играчи со најмногу постигнати голови
МестоИграчГоловиНастапиПросекРеп. кариера1Хавиер Ернандес521092Џаред Боргети46891997–20083Куаутемок Бланко381191995–20144Раул Хименес351072013–денесЛуис Еранандес35851995–20026Карлос Ермосиљо34901984–19977Енрике Борха31651966–19758Луис Роберто Алвес30841988–20019Уго Санчес29581977–1998 10Луис Гарсија28771991–1999Андрес Гуардадо281802005–2024
Настапи на турнири Настапи на Светските првенства
Светско првенствоКвалификации за Светско првенствоГодинаПозицијаСостави 1930 Групна фаза 13.3003413 Состав 1934 Не се квалификувале 4301147 1938 Се повлекле Се повлекле 1950 Групна фаза 12.3003210 Состав 4400172 195413.200218 Состав 4400191 195816.301228 Состав 6510213 196211.310234 Состав 6321175 196612.302113 Состав 8620204 1970 Четвртфинале 6.421164 Состав Се квалификувале како домаќини 1974 Не се квалификувале 5221105 1978 Групна фаза 163003212 Состав 5500205 1982 Не се квалификувале 513163 1986 Четвртфинале 6532062 Состав Се квалификувале како домаќини 1990 Добиле забрана за настап 1994 Осминафинале 13.412144 Состав 12912398 1998 13.412187 Состав 168623713 200211.421144 Состав 169343311 200615.411255 Состав 1815126710 201014.411245 Состав 1811253618 201410.421153 Состав 1810533114 201812.420236 Состав 161141298 2022 Групна фаза 22.311123 Состав14842178 2026Се квалификувале како домаќиниСе квалификувале како домаќини 2030Ќе учествуваат во квалификациитеЌе учествуваат во квалификациите 2034ВкупноЧетвртфинале18/236017152862101—1891214127453134
КОНКАКАФ Голд куп КОНКАКАФ првенство & Голд купКвалификацииГодинаРундаПозиција*Состав 1963Групна фаза7.311192 СоставСе квалификувале автоматски 1965Шампиони1.5410132СоставВлегле автоматски 1967Финале2.5401101СоставСе квалификувале како бранител на титулата 1969Четврто место4.512245Состав210142 1971Шампиони1.541061Состав220060 1973Трето место3.5221105Состав440083 1977Шампиони1.5500205Состав412131 1981Трето место3.513163Состав4121851985Се повлекле заради домаќинството на Светското првенство 1986Се повлекле1989ЗабранаЗабрана 1991Трето место3.5311105СоставСе квалификувале автоматски 1993Шампиони1.5410282Состав 1996Шампиони1.440090Состав 1998Шампион1.440082Состав 2000Четвртфинале7.311163Состав 20025.321041Состав 2003Шампиони1.541090Состав 2005Четвртфинале6.420274Состав 2007Финалист2.640275Состав 2009Шампиони1.6510152Состав 2011Шампиони1.6600224Состав 2013Полуфинале3.530285Состав 2015Шампиони1.6420166Состав 2017Полуфинале3.531162Состав 2019Шампион1.6510164Состав 2021Финалист2.641192Состав4400133 2023Шампиони1.6501132Состав422083Вкупно12 титули25/27123852117271732415635017
Копа Америка Копа АмерикаГодинаРундаПозиција*Состав 1993Финалист 2.622297Состав 1995Четвртфинале7.412154Состав 1997Полуфинале3.622289Состав 1999Полуфинале3.6312109Состав 2001Финалист2.631253Состав 2004Четвртфинале6.421157Состав 2007Полуфинале3.6411135Состав 2011Групна фаза12.300314Состав 201511.302145Состав 2016Четвртфинале7.421169Состав 2019Не биле поканети 2021 2024Групна фаза9.311111СоставВкупноФинале11/13512014176763—
Олимписки игри
Летни олимписки игри ГодинаРундаПозиција*Состав 1928Прва рунда14.2002210Состав 1936Не учествувале 1948Прва рунда11.100135Состав 1952Не се квалификувале 1956 1960 1964Групна фаза11.301226Состав 1968Четврто место4.5302107|Состав 1972Втора групна фаза7.6213414Состав 1976Групна фаза9.302147Состав 1980Не се квалификувале 1984 1988ЗабранаОд 1992Погледнете Олимписка репрезентација на МексикоВкупноЧетврто место6/132054112549—
Нотес
Наводи
Надворешни врски
Мексико на официјалната страна на ФИФА Архива и резултати на RSSSF
Категорија:Фудбалот во Мексико Мексико