Браслав (882–896) — принц кој владеел со Словените во Долна Панонија, на територија лоцирана претежно во денешна Хрватска, помеѓу 884 и 896 година како вазал на Арнулф Корушки. Учествувал во Франко-моравската војна (882–84) и во франкската инвазија на Моравија (891–92). Последен пат бил спомнат кога Арнулф му ја доверил Панонија со цел да ја обезбеди франкската граница против Унгарците (896), кои потоа ја прегазиле цела Панонија и продолжиле во Италија.

Позадина Во 882-84 година била водена крвава војна (Франко-моравската војна) помеѓу Арнулф Корушки и Сватоплук I од Моравија. Двајцата се договориле на мир во 884 година.

Живот мини| Територија управувана од Браслав Словенски принц и жесток франкиски лојалист, според Аналите на Франкското Кралство, Браслав бил „војводата од Долна Панонија“. Тој владеел со провинција од Драва до Сава (денешна Славонија). Учествувал во франкско-моравскиот мировен договор од 884 година, во Тулн.

Некаде во текот на 891 година, според Аналите на Фулда, Арнулф испратил амбасада предводена од маркгрофот Арбо до Моравија со цел да го обнови мирот. Во писмото напишано од маргрофот наскоро било објавено дека легатите се враќаат од нивната средба со Сватоплук и Моравците кои се согласиле „да се дадат во пријателство“. Сватоплук, сепак, ги прекршил своите ветувања, па Арнулф решил да ја нападне Моравија во 891 година. Прво Арнулф се сретнал со Браслав, словенскиот војвода на реката Сава, потоа тој покренал војска од Франконци, Баварци и Алемани, а исто така тој регрутирал Унгарци да се приклучат на неговата кампања (тој повеќе пати го направил ова, затоа отонски автори го обвинуваат Арнулф за предизвикување на Унгарското освојување на Карпатскиот басен понатамошните Унгарски освојувања). Браслав учествувал во кампањата 892 година.

По смртта на Сватоплук во 894 година, Унгарците ја опустошиле Панонија, во процесот станувајќи непријатели на Арнулф, заканувајќи се на Франкската Панонија. Дошло до критичната ситуација откако Унгарците го окупирале панонскиот басен помеѓу Тиса и Дунав. Затоа во 895 или 896 година, Арнулф му ги доверил Мосапурц (денешен Залавар, Унгарија) и Панонија на Браслав со што ја зајакнал одбраната на неговата југоисточна граница. Арнулф и Браслав не можеле да ги спречат Унгарците, и Панонија последователно била совладана од Унгарците. Браслав за последен пат бил спомнат во извор кој датира од 898 година, во тоа време Унгарците со голема војска за првпат навлегле во Италија, преминувајќи ги словенските земји.

Наследство Тој, исто така, тргнал на аџилак во Чивидале дел Фријули бидејќи неговото име се наоѓа во Евангелистот на Чивидале заедно со името на неговата сопруга Вентесела.

Братислава, главниот град на Словачка, се теоретизира дека е именувана по Браслав.

Наводи

Категорија:Србија во 9 век Категорија:Историја на Срем Категорија:Историја на Славонија Категорија:Историја на Словенија Категорија:Словенски воини