мини|Hydnellum peckii Hydnellum peckii е габа од родот Hydnellum од фамилијата Bankeraceae. Припаѓа на хидноидните видови, создавајќи спори на површината на вертикални боцки или проекции слични на заби кои висат од долната страна на плодните тела. Се наоѓа во Северна Америка, Европа, а неодамна била откриена во Иран (2008) и Кореја (2010). Hydnellum peckii е микоризен вид и формира заемно корисни односи со различни иглолисни дрвја, растејќи на земјата поединечно, расфрлано или во споени маси.
Плодните тела обично имаат капа во форма на инка со бел раб, иако обликот може да биде многу променлив. Младите, влажни плодни тела можат да „крварат“ светло црвени гутациони капки кои содржат пигмент познат по своите антикоагулантни својства слични на хепарин. Необичниот изглед на младите плодни тела му донел на видот неколку описни народни имиња, вклучувајќи „јагоди со крем“, „крвавиот Hydnellum“, „крвав заб“, „заб со црвен сок“ и „ѓаволски заб“. Иако плодните тела на Hydnellum peckii лесно се препознаваат кога се млади, тие стануваат кафеави и неописни кога стареат.
Галерија
Наводи
Категорија:Габи на Азија Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи на Северна Америка Категорија:Нејадливи габи Категорија:Статии со извори на германски (de) Категорија:Статии со извори на италијански (it) Категорија:Статии со извори на латински (la)