Захарија Бербероска ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во заднината на НОД од октомври 1942 година заедно со своите два сина, Андон и Димитар, борци во партизанскиот одред „Питу Гули“. Во нејзиниот дом престојувале илегалци и се одржувале состаноци. Поради нејзината активност и нејзините синови од 1942 година била често апсена и сослушувана од бугарската фашистичка полиција. Во август 1943 година била одново уапсена и интернирана во Бугарија, а потоа во Бач, Битолско каде останала се до 1944 година. По враќањето од интернација и било оневозможено да живее во Крушево. Привремено се населила во Прилеп и била задолжена секој ден да се пријавува во полицијата.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ