Донка Алексо Билбиловска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Во текот на 1941 година пристигнала во Скопје и земала активно учество во НОД. Собирала народна помош и растурала пропаганден материјал. Околу себе собирала напредни младинци и била раководител на три скоевски групи. Од летото 1942 година станала член на КПЈ. Во нејзиниот дом Милева Сабо со група напредни жени и младинки ја организирале демонстрацијата со барање „работа и леб“ кај тогашниот градоначалник на Скопје, Спиро Китинчев. Во мај 1944 година заминала со единиците на НОВ и била санитетка при болницата во манастирот Прохор Пчински. Во слободното време работела со селаните и држела политички часови и аналфабетски курсеви.

Поврзано Милица Билбиловска

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ