мини|356x356пкс| Стопанската основа на првите цивилизации е новиот облик на земјоделство, различен од неолитското земјоделство или сточарството, општо преку вештачкото наводнување. мини|337x337пкс| Амисадукината Венерина таблица од Вавилонија (VII век пр. н. е.) ги наведува првото и последното видливо излегување на Венера во раздобје од околу 21 година. мини|200x200пкс| Приказ на Семирамидините висечки градини; во заднина се гледа Вавилонската кула. мини|200x200пкс| Приказ на употреба на кормило на староегипетски речен брод (помеѓу 1422–1411 пр. н. е.) десно|мини|200x200пкс| Рачна количка од цивилизацијата на долината Инд (3000–1500 пр. н. е.). мини|259x259пкс| Остатоци од самострел од Древна Кина (2 век пр. н. е.). мини|279x279пкс| Два водни часовници од Стара Грција. мини|247x247пкс| Љубљанското дрвено тркало е најстарото дрвено тркало со оска во светот и е старо околу 5150 години. мини|200x200пкс| Приказ на плуг од Древен Египет (околу 1200 г. пр. н. е.). мини|200x200пкс| Приказ на производство на пиво во Древен Египет. мини|282x282пкс| Бронзено оружје и алатки пронајдени во Романија. мини|300x300пкс| Плиткото огниште е вид на поранешна печка во која се топела железна руда, користејќи јаглен кој ги редуцирал железните оксиди (главно хематит) во железо, а производот било сунѓересто железо, кое било употребливо дури по ковањето, а крајниот производ бил ковано железо. десно|мини|200x200пкс| Сунѓерестото железо штотуку излегло од долниот дел на плиткото огниште со големо количество згура која подоцна се отстранувала со ковање. десно|мини|200x200пкс| Зигурат Дур Унташ, 13. век пр. н. е. десно|мини|200x200пкс| Пирамидите во Гиза. десно|мини|200x200пкс| Кинескиот ѕид. десно|мини|200x200пкс| Карта на Персиското Царство со означе.лски пат. десно|мини|222x222пкс| Тркало од Древна Месопотамија, старо околу 4000 години. десно|мини|301x301пкс| Реконструкција на Кеопсовиот брод. десно|мини|246x246пкс| Рамзес II на кочија во Битката кај Кадеш. десно|мини|200x200пкс| Најстариот зачуван оклоп е веројатно оној пронајден во гробница во близина на Микена во Грција, 14 век пр. н. е. Технологијата на древните цивилизации се однесува на урбаната револуција, која го означува крајот на каменото време и почетокот на бронзеното време.јот на праисторијата и почетокот на историјата, која започнала пред приближно 6000 години на Блискиот Исток и на крајот довело до првите цивилизации, со сите општествени и историски последици што ги следат: голема густина на население (поголеми популации), градови, развој на сложени и раслоени општества (специјализација на струките и поостра поделба на трудот), централизирана политичка и стопанска моќ (појава и организација на регионални држави), институции на принуда (армија, собирање даноци, полиција), верски институции и свештеничка класа, монументална архитектура (дворци, храмови, споменици), ширење на трговијата, пари, стандардизирани тежини и мерки, контрола над рудните богатстав, создавање на писмото, математиката и астрономијата.Basalla, G.: "The Evolution of Technology", Cambridge University Press, Cambridge, 1988.
Древни цивилизации Стопанската основа на првите цивилизации е нов облик на земјоделство, различно од неолитското земјоделство или сточарството, општо преку вештачко наводнување. Едноставното градинарство било заменето со одгледување поле засновано на големи мрежи за управување со вода, изградени и одржувани преку јавни работи, извршени од групи собрани врз основа на работна должност (притисок) и надгледувани од инженери во служба на државата.
Во суптропските области, земјоделството со наводнување е многу ефикасно и можно е да се постигнат приноси доволни за издржување на голем број жители. Реките полни со тиња обезбедуваат вода за наводнување и, особено кога се вештачки контролирани, ја збогатуваат околната почва. Меѓутоа, земјоделството со наводнување и контрола на поплавите бараат хидраулични градби, со цел да се донесе вода каде и кога е потребна, и одреден степен на заедничко делување неопходно за нивна изградба и одржување: мочуриштата требало да се исушат, да се изградат брани, насипи, канали, темели, тераси, тенкови, ѕидови и сето тоа требало да се чисти и одржува. Понатаму, споровите околу водата морало да ги решава некоја централна власт, а вишокот треба да се складира, чува, брани и дели по потреба.
Војувањето станало постојано и ги надминало вообичаените напади. Сега вклучувало освојување и потчинување, бидејќи поразените групи не можеле едноставно да побегнат и да образуваат нова земјоделска заедница на друго место. Пред тоа време, и во палеолитот и во неолитот, поразените групи можеле да се преселат во нови области, но во еколошки ограничените области како долината на Нил, земјоделците немале каде да одат. Победниците не само што преземале земјата и малите системи за наводнување, туку ги потчинувале и владееле со поразените групи, штедејќи ги нивните животи во замена за ропска работа во одржувањето на системот на засилено земјоделство.
Древна Месопотамија До 4000 г. пр. н. е. неолитски села ја исполнувале Месопотамија т.е. долината помеѓу Тигар и Еуфрат во денешен Ирак. Месните власти ги исушиле мочуриштата во долната делта и подоцна изградиле обемен систем за наводнување во долината покрај реките. Најпрво се населиле северните ридски области, во кои има повеќе дожд. Јужните и средишните области имаат посува клима и повеќе сува почва. Но поради алувијалната тиња таа почва е многу плодна и околу 4000 г. пр. н. е. јужните области, благодарение на системот за наводнување и одводнување, станале понапредни од северните. Тука настанала сумерската цивилизација, а подоцна Вавилонија. За разлика од Египет, а можеби и поради променливите и непредвидливи шеми на поплави на Тигар и Еуфрат, со Месопотамија не управувало едно кралство, туку низа градови-држави со царства засновани на нив, кои се издигнале и паѓале во текот на милениумите кои следеле. Сите овие цивилизации се засновале на земјоделство со наводнување. Главните канали биле широки и до 20 метри и се протегале со километри, со стотици поврзувачки канали. Сите месопотамиски цивилизации развиле централна политичка власт и сложена бирократија со цел собирање, складирање и прераспределување на земјоделските вишоци, како и писмо, математика и астрономија.
Древни Египет Долината на Нил е тесен појас на зеленило, широк од 20 до 50 километри и долг стотици километри, опкружен со пустина на исток и запад, планини на југ и море на север. Неолитските населби се намножиле долж Нил и првите кралства се појавиле веќе околу 5500 г. пр. н. е. Досега се препознаени седум преддинастички кралства до околу 3400 – 3200 г. пр. н. е. Некаде тоа време кралот Менес обединил две кралства, тоа на Долен Египет и тоа на Горен Египет, и на тој начин станал првиот египетски фараон од првата династија. Според традицијата, Менес организирал градежни работи, подигнал насип на Нил во близина на Теба. Следел силниот раст на египетската цивилизација. Врз основа на управувањето со годишните поплави на Нил, Египет ги развил сите особености на висока цивилизација, вклучувајќи ги и големите згради како што се пирамидите во Гиза. Од самиот почеток, централизираната власт се развила во соодветна мера. Египетската армија се состоела од 20.000 војници. Фараоните станале вистински наследници на сè во Египет и имале апсолутна контрола над нивните 2.500.000 поданици. Се развиле бирократијата, писмото, математиката, елементарната астрономија, занаетчиството и сите други одлики на цивилизацијата.
Цивилизација на долината Инд Долж Инд се појавиле неолитски населби до 7000 г. пр. н.е. Цивилизацијата можеби се развила таму сама по себе, но можно е некои од нејзините главни одлики да пристигнале кај доселениците или трговците од Древна Месопотамија. Како и да е, плавната рамнина на реката Инд ја обезбедила потребната основа за цивилизацијата на долината Инд, а земјоделството со наводнување ги обезбедило потребните средства. Градовите Мохенџо Даро и Харапа во денешен Пакистан се развиле околу 2300 година пр. н. е. После тоа, цивилизацијата Харапа се проширила во внатрешноста и по бреговите на Арапското Море. Народите од долината Инд ги обработувале сувите долини и изградиле насипи за да ги заштитат градовите од непредвидливи поплави богати со тиња. Населението на градот се проценува на 40.000. Се користеле бакар, бронза, злато, сребро, калај и други метали. Грнчарите произведувале садови со глазура. Биле развиено писмо и висока ученост. Но, по 1750 пр. н. е. изворната урбана култура на Инд опаѓа, веројатно поради климатски и еколошки причини, вклучително и промена на текот на реката Инд.
Древна Кина Во Кина, првиот развој на цивилизацијата е забележан долж реката Хуанг Хе (Жолта Река). До 2500 г. пр. н. е. илјадници села од доцниот неолит се ширеле покрај реката, а кога било воведено земјоделството со наводнување, се појавиле кралства. Големиот Шун, наводниот основач на првата династија Шјиа, е легендарен во Кина како владетел кој ги контролирал водите. Династијата Шанг (околу 1600 пр. н. е. до околу 1046 пр. н. е.), која ги означува документираните почетоци на кинеската цивилизација, загосподарила со долината на Жолтата Река благодарение на обемниот систем за наводнување. Подоцна, техниките за наводнување биле префрлени на југ, до реката Јангце. Одгледувањето оризо од јужна Кина се проширило кон север и вклучувало и контрола на водата. Во текот на кинеската историја, една од улогите на владата била да го гради и одржува системот за наводнување. Резултатот на тоа се многу канали, насипи, брани и вештачки езера низ Кина. Свесната владина политика за заштита на водите и подобрување на земјоделството вклучувало сушење, а сето тоа барало вклучување на голем број селани на принудна работа. Раната кинеска цивилизација изградила градови со заштитни ѕидови, дворци и обредни средишта. Раната кинеска држава изградила амбари и одржувала постојана војска. Била развиена истенчена бронзена металургија.
Технолошки достигнувања на древните цивилизации Материјалните докази покажуваат дека древниот занаетчија често е еднаков на современиот во однос на неговите дела. Сепак, неговото знаење и техника се целосно искуствени, му недостига теоретска основа. Работата се засновала на искуствени методи. Различни можности биле испробувани на слепо, но многу трпеливо. Кога би се постигнала саканата цел, се застанувало. Древниот човек, кога сакал да го постигне она што го сака, едноставно поставувал напатствија за постигнување на таа цел, како рецепт во книга за готвење. Упатство за глазура на керамика, околу 1700 г. пр. н. е., го дава посакуваниот исход. Како ќе се случи тоа, не било на занаетчијата да истражува. Тој ги сфаќал овие преобразби како чуда.Janković, I. i I. Karavanić: "Osvit čovječanstva – Početci našega biološkog i kulturnog razvoja", Školska knjiga, Zagreb, 2009.
Писмо