Клаудио Херемијас Ечевери (роден на 2 јануари 2006, во Ресистенсија) е аргентински фудбалер, на , и на аргентинската репрезентација под 20 години.
Клупска кариера Ривер Плејт Роден во Ресистенсија, во покраината Чако, Ечевери ја започнал својата фудбалска кариера во Депортиво Лухан, пред да дојде на проби во и да потпише договор со нив во 2017 година. Тој најпрво го привлекол вниманието на меѓународниот фудбалски свет со неговите настапи на детскиот турнир во Венеција, Италија каде настапил со Ривер. И покрај тоа што неговиот тим завршил на третото место на турнирот, тој постигнач девет гола во шест натпревари, изјавувајќи „вистината е дека не сме среќни [завршувајќи на третото место], сакавме да бидеме шампиони“.
Во октомври 2022 година, тој постигна гол на своето деби за резервниот тим на Ривер против резервистите на Патронато. Првиот професионален договор со Ривер го потпишал во декември истата година, со ослободителна клаузула од 25 милиони долари.
На 22 јуни 2023 година, на возраст од 17 години, 5 месеци и 20 дена, тој го направил своето деби како професионален фудбалер за време на првенствениот натпревар против Институто, влегувајќи како замена за Игнасио Фернандес. Тој забележал асистенција за време на натпреварот, помагајќи му на Ривер Плејт да победи со 3-1.
На 22 декември 2023 година, за време на интервју по натпреварот, откако со Ривер Плејт го освоил Трофејот на шампионите, неговата прва клупска титула во кариерата, Ечевери објавил дека нема да го продолжи договорот со клубот, кој истекува на 31 декември 2024 година. На 25 јануари 2024, Ечевери потпишал четири ипол годишен договор со англискиот клуб Манчестер Сити, кој го оставил на позајмица во Ривер Плејт до јануари 2025.
Во првата сезона како професионалец тој одиграл 5 натпревари за Ривер Плејт во Примера Дивисион. Следната сезона, тој одиграл 30 натпревари и постигнал три гола во првенството. Првиот гол во дресот на Ривер Плејт го постигнал на 17 март 2024, во победата со 3-1 над Химнасија Ла Плата. На 3 април 2024, го направил своето деби во Копа Либертадорес, влегувајќи како замена во победата со 2-0 на гостувањето кај венецуелската екипа Депортиво Тачира. Веќе во вториот настап во ова натпреварување, тој го постигнал својот прв гол во победата со 2-0 на домашен терен над Насионал Монтевидео.
Манчестер Сити Ечевери му се приклучил на Манчестер Сити во февруари 2025, по завршувањето на Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години 2025. Тој бил претставен во клубот на 27 февруари при што избрал да го носи дресот со број 30. Своето деби за Сити го имал на 17 мај 2025 година, во поразот со 1–0 од Кристал Палас во финалето на ФА купот, влегувајќи како замена за Омар Мармуш во 76-тата минута. На 25 мај, дебитирал во Премиер лигата во победата со 2–0 над Фулам во последното коло од сезоната 2024–2025, кога влегол во игра како замена за Ерлинг Холанд во 85-тата минута. На 22 јуни, тој го постигнал својот прв гол во дресот на Манчестер Сити во победата од 6–0 над во групната фаза од Светско клупско првенство 2025.
На 21 август 2025, Ечевери бил позајмен на германскиот клуб Бајер Леверкузен. Своето деби за „фармацевтите“ го направил два дена подоцна, влегувајќи како замена во поразот со 1–2 на домашен терен од во Бундеслигата.
Репрезентативна кариера Ечевери најпрво ја претставувал Аргентина со репрезентацијата под 17 години, со која настапил на Јужноамериканското првенство 2023, каде забележал 5 гола и три асистенции, помагајќи и на својата земја да го освои третото место и да се квалификува за Светското првенство за играчи под 17 години 2023 во Индонезија. Таму во четвртфиналето на турнирот, тој постигнал хет-трик во победата со 3–0 над Бразил. Тој постигнал пет гола и ја освоил бронзената копачка додека Аргентина загубила од подоцнежниот шампион Германија на пенали во полуфиналето, а потоа загубиле од Мали во натпреварот за третото место.
Во 2024 година, тој ја претставувал Олимписката репрезентација на Аргентина на Летните олимписки игри 2024.
На почетокот на 2025 година, Ечевери бил во составот на аргентинската репрезентација под 20 години за Јужноамериканското првенство во споменатата возраст што се одржало во Венецуела. Тој постигнал 6 гола на првенството, на кое Аргентина завршила како втора зад Бразил, завршувајќи како втор стрелец со два гола помалку од Нејсер Виљареал од Колумбија.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 9 февруари 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2023 ПД 5 0 КА+ЛКА 0+1 0 КЛ 0 0 ТШ 1 0 7 0 2024 ПД 30 3 КА+ЛКА 1+10 0+1 КЛ 10 1 СА 1 0 52 5Вкупно Ривер Плејт 35 3 12 1 10 1 2 0 59 5 јан.-јун. 2025 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 ЛШ 0 0 КШ+Скп 0+1 0+1 3 1 2025-јан. 2026 БЛ 6 0 КГ 0 0 ЛШ 5 0 - - - 11 0 јан. - јун. 2026 Жирона ПД 17 1 КШ 0 0 - - - - - - 17 1Вкупно во кариерата 59 4 13 1 15 1 3 1 90 7
Титули Ривер Плејт Суперкуп на Аргентина : 1 2023
Наводи
Надворешни врски
Клаудио Ечевери на transfermarkt Клаудио Ечевери на espn
Категорија:Фудбалери на ФК Ривер Плејт Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Жирона Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2006 година