Цветанка Спироска Блажеска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во НОД од ноември 1941 година во Битола. Била член на СКОЈ од 1 ноември 1941 година. Собирала народна помош од симпатизерите на НОД. Растурала илегален материјал, наоѓала станови за престој на илегалците. На 9 април 1942 година била уапсена и од Скопскиот ВПС била осудена на 8 години строг затвор. Казната ја издржувала во Скопскиот затвор . Во затворот учествувала во сите акции што ги превземало затворското партиско раководство на политичките затвореници. Од затворот била ослободена на 6 септември 1944 година и се приклучила кон единиците на НОВ, во Седмата битолска бригада - раководител на СКОЈ на чета и баталјон. Со формираљето на Петнаесеттиот македонски корпус се префрлила во Четиринаесеттата македонска ударна бригада „Димитар Влахов“, 48 дивизија и ја зазела должноста бригаден раководител на СКОЈ.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ