Анка Богданска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во заднината на НОД, како ученичка во кумановската гимназија, заедно со целото семејство. Во нејзиниот дом престојувале илегалци, се одржувале состаноци на Месниот Комитет - Куманово, се чувал дел од собраната народна помош, како и санитетски материјал. Била повремено ползувана за одржување врска со илегалците во градот. Во август 1944 година заминала на слободната територија на Козјак, и била борец на Третата македонска ударна бригада. Во составот на 41 дивизија заминала на Сремскиот фронт.

Поврзано

Јездимир Богдански

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ