Павле Саздов (р. во ) е поранешен македонски политичар, државен секретар во Министерството за Информатичко општество и администрација и прв пратеник во македонското Собрание избран од дијаспората во Северна и Јужна Америка.
Животопис
Саздов е роден на 27 декември 1983 година во Скопје, Македонија. Заминал во Канада кога бил ученик во средно школо и живеел во Торонто.
Дипломирал во областа на информатичките науки на Еверест Колеџ во Канада во 2005 година. Магистрирал на Факултетот за Информациски и комуникациски науки при Универзитет ФОН во Скопје, каде има објавено научни трудови од истата област. Тој е оженет, неговата сопруга е дипломат, со која има две деца.
Политичка кариера Саздов бил член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ (УМС) од 1997 година.
На 28 февруари 2010 година е именуван за државен секретар во Министерството за информатичко oпштество. Во рамки на функцијата е назначен за член на управувачкиот одбор на РеСПА, Регионална Школа за Јавна Администрација.
Во 2011 година на предвремените парламентарни избори како кандидат на партијата ВМРО-ДПМНЕ е избран за прв пратеник од дијаспората во осмата изборна единица односно од Северна и Јужна Америка. Неговите активности во Собранието вклучуваат:
Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, член Комисија за транспорт, врски и екологија, член Комисија за надворешна политика, заменик-член Комисија за уставни прашања, заменик-член Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Конгресот на САД, член Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, претседавач
На следните предвремени парламентарни избори во 2014 година повторно е избран за пратеник од дијаспората во осмата изборна единица односно од Северна и Јужна Америка. Во овој мандат неговите активности во Собранието вклучуваат:
Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, член Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, претседател Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член
Политички ативности Како Државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Саздов бил одговорен за работата на институцијата, управување со капиталните прокети, изработка на легислатива од областа на информатичкото општество и реформа на администрацијата, како и претставување на министерството и владата во рамки на државата и надвор од неа
Во рамки на пратеничката фунцкија, Саздов остварил голем број средби со македонската дијаспора во Канада и Америка, како и при нивните посети на Македонија. Се залагал за унапредување на правата на македонците надвор од Македонија, нивно учество во политичкиот и економскиот развој на државата,унапредување на услугите кои ги добиваат македонците надвор од Македонија, како и привлекување на нивни инвестиции во државата.
Работел на унапредување на врските со САД и Канада, полноправно членство на Македонија во НАТО и Европската Унија, како и реформи во областа на собранискиот надзор над службите за безбедност.
Како претседавач на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп работел на усогласување и подобрување на легислативата како би се овозможиле рамноправни услови за живот на сите граѓани на Македонија.
Наводи
Категорија:Македонски политичари Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Македонски пратеници