мини|Корицата на книгата „Авантурите на Хаклбери Фин“ од Марк Твен, 1884 г. Продолжение на една од сижетните линии на романот „Авантурите на Том Соер“ Спиноф (, „нуспроизвод“; погрешно: спин-оф) — телевизиска програма, филм, видеоигра или кое било раскажувачко дело создадено врз основа на веќе постоечки дела, сосредоточувајќи се поподробно на различно гледиште од изворното дело (на пример, конкретни теми, ликови или настани). Најчесто, најпопуларниот лик во едно дело добива спиноф, бидејќи тоа осигурува дека производот ќе биде доходен.
Еден од најраните примери на спиноф во епохата на современите медиуми се случил во 1941 г., кога споредниот лик Трокмортон Гилдерслив од комичната серија Фибер Макги и Моли (англ. Fibber McGee and Molly) станал ѕвезда на неговата програма, Големиот Гилдерслив (The Great Gildersleeve; 1941 — 1957).Stewart, R.W. One Thing and Another // The New York Times. August 3, 1941. с. X10. Gildersleeve has taken leave of his long-time fencing partner[,] Fibber McGee, and will be starred in his own show, „The Great Gildersleeve“, beginning Aug. 31 at 6:30, P. M. on WEAF's hook-up. Harold Peary created the Gildersleeve...
Можно е спиноф да се одвива паралелно со делото од кое потекнува, но можно е да се одвива и во сосема поинаков временски период. Поимот може да се користи и за да укаже на значителна промена во гледната точка или почеток на нова сижетна линија — на пример, замена на главниот лик со некој што претходно бил спореден. Вообичаено е главниот лик од изворното дело да се појавува како спореден лик или камео во спиноф-делото, како и да има вкрстување помеѓу двете дела. Можно е спиноф да добие свој спиноф, со што ќе ја ослабне или изгуби врската со оригиналот.
Примери
Шоуто на Кливланд — спиноф-серија со ликови од Семеен тип Младиот Шелдон — спиноф-предисторија на еден од главните ликови во Бубалици Мачорот во чизми — спиноф-филм со лик од Шрек
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Наратологија Категорија:Филмски и видео поими Категорија:Видеоигри Категорија:Филм