мини|250x250пкс| Прулски мост мини|250x250пкс| Платформата на Прулскиот мост Прулски мост или Туларски мост () - мост што ја преминува реката Љубљаница во Љубљана, главниот град на Словенија. Лоциран е во областа Трново на југ од стариот дел на Љубљана и ги поврзува станбените области на Пруле (словенечки: Janežičeva cesta) и Трново (словенечки: Opekarska cesta). Тој бил изграден во облик на широка платформа која стои на два столба, со балкони за набљудување и со широки тротоари покриени со црвени тули.

Првиот мост на оваа локација бил дрвен, претходно користен како мост Свети Петар, а бил овде пренесен околу 1918 година. На левиот брег, Јоже Плечник го украсил инаку незначителниот мост со три тополи. Сегашниот мост бил изграден во 1993 година врз основа на плановите на Петер Габријелчич. Тоа бил компромис меѓу градската власт која сакала да изгради мост со четири ленти и жителите кои сакале пешачки мост.

Наводи

Категорија:Мостови во Љубљана