Раили Рах е мало корално островче со вкупна површина 0,5 километри квадратни. Островчето е делод Бенксовите Острови во северниот дел на Вануату . Истото име се однесува и на единственото село кое се наоѓа во рамките на ова островче.
На островот има огромна карпеста кула, која е популарно место за пешачење за локалното население, но и за туристите. Таа се вика Тавалја на мвотлапски јазик (што значи „другата страна на Ра“), а понекогаш се означува како „Карпата Ра“.
Островчето Ра се наоѓа во близина на поголемиот остров Мота Лава . Пристапот до Ра се одвива на два начина: при ниска плима, со минување низ теснецот и при висока плима со кану.
Население Пописите од 2009 година даваат население од 189 жители. Според проценката од 2015 година, населението на островот е 224 луѓе, со 42 домаќинства.
Наводи
Поврзано Бенскови Острови Торба
Категорија:Бенксови Острови Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Торба (покраина)